Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион
Прегледано: 525 | Oбјавено на: 28.05.2021
 Почитувани жители на струмичкиот регион,

Најискрено Воодушевување и благодарност до Сите Вас за позитивната и граѓански одговорна реакција на нашиот „Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион“. Во охрабрувачки голем број не контактирате и предлагате конструктивни идеи за приоритетни проекти за реализација СЕГА и ВЕДНАШ!!!

Сакаме транспарентно да споделиме дел од ВАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ:

- Реновирање и опремување на постојните училишта во општините Босилово, Ново Село и Струмица

„Кирил и Методиј“ – Иловица, Турново, Секирник, Радово 

„Св. Климент Охридски„ основно училиште за деца со специјални потреби во Ново Село

„ЈУ Институт за Заштита и Рехабилитација“, Банско, општина Струмица

- Рекултивирање, собирање и дислокација на комуналниот отпад, чистење на каналите и системот за наводнување во повеќе села од општините Босилово и Ново Село

- Реконструкција и изградба на неколку локални патишта, како патот Турново – Иловица во должина од 6 километри

- Реконструкција и обновување на дотраените мрежи за довод и одвод на вода во неколку села, како Сушица и Турново ...

проект на „ЈП Струмичко поле“ на потегот Иловица – Штука систем за наводување

- од неколку невладини организации дојдоа предлози за реконструкција на туристичките локалитети, Еко-туризам, заштита на птици и биодиверизтет, заштита на животната средина

- Реконструкција и изградба на нови детски и спортски игралишта во сите општини

- Изградба на нова велосипедска патека во должина до 13 километри, општина Струмица

- наменски грантови за жени носители на индивидуални земјоделски домаќинства од општините Босилово и Ново Село, директна поддршка за нивниот фамилијарен бизнис во земјоделството

- финансиски грант за набавка и инсталирање на систем за греење во стаклени градини – производство на цвеќе и тн.

 

Ајде СИТЕ да се надминеме себе си и околу овие благородни активности во интерес  на СИТЕ Жители од струмичкиот регион -  ДА НЕ СЕ ДЕЛИМЕ ПО ПАРТИСКА, ЕТНИЧКА, РЕЛИГИОЗНА или која било друга РАЗЛИЧНОСТ!!!

Потребни се Позитивни Дела и Реални ИНВЕСТИЦИИ за РАЗВОЈ. СЕГА И ВЕДНАШ!

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations