НОВ ДИГИТАЛЕН МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ
Прегледано: 367 | Oбјавено на: 17.12.2020
  • НОВ ДИГИТАЛЕН МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ

     Во насока на зголемување на искористеноста на капацитетите во секторите туризам и угостителство, денес Сојуз на стопански комори на Македонија организираше презентација за дигитален маркетинг...
 НОВ ДИГИТАЛЕН МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ

 

17.12.2020, Скопје –  Во насока на зголемување на искористеноста на капацитетите во секторите туризам и угостителство, денес Сојуз на стопански комори на Македонија организираше презентација за дигитален маркетинг во туризмот и практична обука за користење на новата дигитална платформа „Македонски Туристички Водич“, како дел од активностите на потпроектот „Промоција на информатички технологии за развој на туризмот“, финансиран во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).

„Во изминатиот период континуирано со членовите на Сојузот се согледуваа предизвиците со кои се соочени во време на криза, со цел изнаоѓање на соодветни мерки за поддршка и ублажување на нејзините ефекти врз стопанството. Потребата од дигитализација се покажа за неопходна при адаптација на новите услови, со сите пропратни алатки и можности во секојдневното работење на компаниите. Организиравме презентација за поддршка и зголемување на искористеноста капацитетите во секторите туризам и угостителство, со цел  да се зголеми искористеноста на дигиталната платформа „Македонски туристички водич“. Искрено се надевам дека оваа платформа ќе биде најпрепознатлива платформа за сите релевантни податоци за туризмот од нашата држава.“, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителска комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија.

На презентацијата учесниците се запознаа за состојбата и трендовите во туризмот во последната деценија и состојбите од аспект на дигитализацијата, со цел трансформација на туристите од „пасивна публика“ во активни учесници кои креираат содржина, соработуваат и допринесуваат за туризмот. Потенцирана беше важноста што голем дел од туристите знаат што бараат и имаат потреби и желби за специјализирани туристички производи, кои најчесто ги бараат преку интернет. Затоа учесниците се запознаа со информациите и можностите за зголемување на користењето на дигиталниот маркетинг, креирање и промоција на различни содржини, оптимизацијата и можностите, трендовите и препораки за маркетинг преку социјалните мрежи.

Дополнително беше презентирана новата веб ГИС апликација за развој на туризмот „Македонски туристички водич“ која претставува интеграција на просторни податоци релевантни за туризмот и овозможува корисниците да може да пребаруваат разни категории и податоци за туризмот. Преку апликацијата www.tourism.mk секој може да пронајде локација од интерес, да го испланира своето патување, да генерира рута од една до друга точка, да идентификува интересни попатни локации на таа рута и да ја истражи околината. Презентацијата е реализирана во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија администриран преку Светската Банка, а се спроведува преку Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжени за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations