Ковид 19 не ги запира – Отворен Рептил Special
Прегледано: 370 | Oбјавено на: 07.10.2020
  • Ковид 19 не ги запира – Отворен Рептил Special

     Паралелно со развојот на онлајн трговијата, која се наметна како неопходна во изминатите месеци, Рептил маркети ја развиваат и продажната мрежа во Скопје. Во населбата Аеродром, еден од најст...

Паралелно со развојот на онлајн трговијата, која се наметна како неопходна во изминатите месеци, Рептил маркети ја развиваат и продажната мрежа во Скопје. Во населбата Аеродром, еден од најстарите трговски синџири во Градот, отвори нов маркет со понуда која одговара на барањата на потрошувачите кои се хранат согласно трендовите за здрав живот. И не само тоа, туку понуди и разновидна палета премиум производи.

„Потрошувачите сѐ повеќе внимаваат на здравата исхрана и тоа е еден сѐ поприсутен тренд во секојдневието. Дури и во период на пандемија се свртеа кон храната како извор што треба да им помогне да останат здрави. Одлучивме да им одговориме на барањата и отворивме нов маркет Рептил Special, каде се нуди богат избор премиум производи, свежо месо и риба, готови јадења и превкусни слатки и колачи. Сакаме да ставиме акцент на органската храна и пијалаци, каде што сите означени производи со BIO се од органско потекло. Исто така имаме и голем избор сувомеснати производи, пармезан, плаво сирење, кашкавал и многу други деликатесни производи. Во Рептил Special има и голем избор премиум вина и шампањи, виски и други алкохолни пијалаци“, вели Јованка Трајкова, комерцијален директор во Рептил маркети.

Новиот маркет, што се наоѓа на улица Пандил Шишков бр.7 локал 1 - Аеродром, има 8 (ново)вработени. Освен во текот на работната недела од понеделник до сабота, маркетот е отворен и во недела од 8 до 16 часот. Локалот е со површина од 150 квадратни метри и услугата е врвна, вели Трајкова од Рептил и додава „продолжуваме со врвна услуга и одржување на стандарди каде потрошувачите може да пазарат со срце и задоволство. Ги очекуваме веќе познатите лица и се разбира и новите потрошувачи, кои сега во Рептил може да се снабдат со разновидни органски и премиум производи. Се разбира сакам да се заблагодарам и на сите што од отворањето нѐ посетија и што внимаваат на мерките за заштита од Ковид 19“. 

Покрај новите вработувања, станува збор за нова инвестиција во локалот, но и исчекор на трговецот кон новите генерации, кои се надеваат дека ќе имаат едно персонализирано искуство – побогат избор според нивниот вкус.                  

“Ова ќе помогне да ја зацврстиме релацијата со потрошувачот, да се запознаат подобро со нашиот бренд и нашата посветеноста и ние да растеме со потрошувачот. Убедени сме дека потрошувачите ќе имаат уникатно искуство во маркетот, при уредување на просторот вметнавме детали кои асоцираат на природни материјали, но предвид ја имавме и актуелната препорака за одржување растојание“ дополнува Трајкова.

Во големата слика, ова е 17-ти маркет на Рептил во Скопје и втор во населбата Аеродром.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations