МЛАДИТЕ ОДЛУЧУВААТ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ
Прегледано: 966 | Oбјавено на: 12.07.2020
  • МЛАДИТЕ ОДЛУЧУВААТ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

     Учеството на младите во демократските процеси, вклучувајќи ги и изборите е клучен сегмент за промените во едно општество.  Во последните неколку години, низ светот но и низ Македони...
 МЛАДИТЕ ОДЛУЧУВААТ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

Учеството на младите во демократските процеси, вклучувајќи ги и изборите е клучен сегмент за промените во едно општество.  Во последните неколку години, низ светот но и низ Македонија, се докажа дека студентските протести носеле промени на власта во една држава. Сепак, постои еден исклучителен феномен кој се јавува во сите развиени демократии – Младите се вклучуваат во различни форми на отпор, движења, протести, петиции и слично, но кога станува збор за нивното демократско право на избор, многу мал број излегува да гласа.   

Во македонскиот контекст, овие трендови отстапуваат, при што според истражувањето на Вестминстер фондацијата за демократија, околу 88.7% од испитаниците кои имаат право на гласот излегуваат на гласање, при што од друга страна најголем интерес за политика покажуваат припадниците на помалите етнички заедници, Албанците и на крај Македонците. Од аспект на Ромската популација, после рамковниот договор може да се забележи тренд на активизам кој се движи на премин од вклучување во НВО во политички партии, пред се поради можностите за вработување кои се отворија во јавната администрација. Ваквите тренд на “вработување со партиска книшка“ ги заинтересира и дополнително ги мотивира младите Роми да се вклучат активно во политиката. Сепак, набргу тој тренд на премин спласна токму поради тоа што самите политички партии се фокусираа на фамилијарни вработувања и вработувања на лица кои беа со пониско образование но верни послушници, при што местото за влез на квалитетни студенти Роми се задиши. Од денешен аспект, младите Роми повторно се свртеа кон трендот на НВО и граѓански иницијатива токму поради незадоволството од политичките партии. Многу брзо, овој тренд се фокусираше и на зголемен број на младински организации на Роми, кои пред се беа резултат поради неможноста за напредок, развој во НВО кои имаа поголемо искуство.

Сепак, неможноста за просперитет со високо образование, висока политизираност како и  незадоволство од институциите, младите, меѓу кои и Ромите, не сaкаат и не се мотивирани да излезат на гласање. Она што ние како Аваја се стремиме е всушност тоа незадоволство да го канализираме во вклученост во нашата граѓанска иницијатива и дефинирање на заеднички приоритети и цели за кои се здружуваме за остварување на колективни цели за оставање наследство на идните генерации. За да го постигнеме тоа, клучно е  да се сплотиме и да ја насочиме нашата енергија кон постигнување на тие цели кои што ние како генерација сакаме да ги видиме. Предизвикот е да се биде или не?!

Нас како млади  она што ни преостанува да направиме е да  ја преземеме одговорноста во наши раце и конечно да влијаеме во политичката сфера  преку  вклучување на заедницата во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво. Како млади  Роми треба да го препознаеме нашиот потенцијал и да се бориме на првата борбена линија за да ја застапуваме нашата заедница. Да бидеме свесни преку самото организирање на заедницата би придонесле кон подобрување на самото општество во кое живееме а тоа би значело и поголем број на вработени Роми во клучни функции институции, повеќе можности за отворање на бизниси, поквалитетен живот.

Треба да се градиме како идни потенцијални лидери на нашата заедницата, бидејќи лидерството значи слободен избор на мисли и дејствувања кои водат кон подобрување на заедницата. Тоа би значело негирање на лесните задоволства и придржување кон нашите заеднички цели. Се додека сме набљудувачи  и гледаме како неправилностите се случуваат околу нас и на нас и не преземаме нешто ,тоа значи  дека полека се  откажуваме и само  чекаме да видиме  како  утрешниот ден  ни се претворува во мрак. Да запаметиме дека промените на превод значат и “преземање акција” но исто така ни треба и храброст да се соочиме со предизвиците  поради тоа што стравот и храброста не одат заедно. Ние, како заедница од млади луѓе  треба заедно да придонесеме во овој клучен процес на промени.

Токму затоа, треба да се вклучуваме поактивно и погласно во сите процеси, за да може нашиот глас да биде слушнат од сите. Затоа излези и гласај, за да и твојот глас биде слушнат. Учествувај во демократските процеси и гласај  по сопствена волја за онаа опција која веруваш дека животот на младите Роми ќе го подобри. Ти си промената, време е да покажеме дека Нашиот Глас како млади Роми одлучува! 
Автор: Енес Билали, национален тим на Аваја задолжен за организирање на ромската заедница
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations