Пет причини зошто треба да пазарите во Рептил
Прегледано: 1102 | Oбјавено на: 25.06.2020
  • Пет причини зошто треба да пазарите во Рептил

     Со високиот квалитет на услуга во маркетот, присутноста во повеќе скопски населби и поставување на онлајн продавница, Рептил маркетите се наметнаа меѓу потрошувачите како соодветен избор за б...
 

Пет причини зошто треба да пазарите во Рептил

 

Со високиот квалитет на услуга во маркетот, присутноста во повеќе скопски населби и поставување на

онлајн продавница, Рептил маркетите се наметнаа меѓу потрошувачите како соодветен избор за брзо пазарење. Живееме стресно и со брзо темпо. Во последните неколку месеци, сите бевме во потрага како да го намалиме ризикот по здравјето и стресот токму при набавката на храна и продукти за одржување на домот. Решението го понудија Рептил маркетите, затоа што веќе имаа воспоставено одличен сервис за испорака на продукти до дома, инстантно воведоа и мерки за заштита во маркетите.

За сите оние за кои Рептил беше првиот избор, тој тоа остана. Многу други за првпат се запознаа со понудата на Рептил и ја одбраа и продолжија да ја користат. Но, што е она што Рептил го издвојува од другите?

Ова се пет топ причини, по една за секој ден од неделата, зошто треба да пазарите во Рептил:

1.       При пазарување, помош од вработени, секогаш на располагање на купувачите!

Маркетите каде вработените со насмевка ќе ве поздрават, ќе ве услужат и ќе ве испратат со поздравот „Повелете повторно!“. Од моментот на влегување во маркетот потрошувачите доживуваат автентично квалитетна услуга од секој вработен. Ако побарате помош каде може да го најдете производот, вработениот со насмевка ќе ве поведе низ маркетот. Не само што ќе ве однесе до полицата со производите, туку ако побарате совет, ќе ве информира и кој производ подобро одговара на барања. Ако корпата е многу тешка, вработениот ќе понуди помош да ја подигне или да го дофати производот што е поставен повисоко на полицата. Ако го замолите, може да помогне да ги однесете производите до автомобилот, а на постарите лица кои живеат во соседството, понекогаш им помагаат да ги однесат производите и до дома.

Секогаш доследни со квалитетот на услугите, мотивот на вработени е секој потрошувач да има пријател во маркетот. Впрочем затоа и потрошувачите секогаш ги доживуваат како дел од маалото.

2.       Онлајн пазарување, повеќе време за вас и вашето семејство.

 

Секој што еднаш нарачал пица со достава, ја знае и најголемата предност на испораката на храна – повеќе слободно време за дружба. Со само неколку кликови на мобилниот, лаптопот или компјутерот преку

www.marketonline.mk секој од дома може да испазари продукти за целата недела. Еден од најдобрите онлајн маркети е токму оној на Рептил маркетите, бренд што е постојано иновативен во услугите кон потрошувачите. Испораката на храната може да се закаже според тоа кога ви одговара и вам. Свежи, квалитетни и добро спакувани, како лично да сте пазареле, производите ќе стигнат до местото што ќе го означите за достава.

Пазарењето онлајн значи да не го напуштите комфорот на вашиот дом и да поминете повеќе време со вашето семејство, или пак, да си посветите повеќе време за вас. Ќе заштедите и на трошоците за гориво бидејќи нема палење на автомобилот. Нема барање на блиска локација за паркинг. Ако имате слободно претпладне, наместо во маркетот, можете да излезете на прошетка во природа, а кога ќе се вратите дома да пристигне нарачката од Рептил.

Ако немате време да зготвите ручек, проверете, од Рептил доставуваат и готови јадења. Побрзи, а вкусни како да се дома зготвени. 

Со www.marketonline.mk не само што ќе си ја олесните примената на мерките за заштита од вируси, ќе го заштедите и времето за повеќе одмор и уживање со вашето семејство.

 

3.       Избор на широк асортиман на производи!

Во Рептил маркетите покрај основните производи може да набавите и органски производи и продукти, како и храна без глутен или збогатена со протеини. Внесот на здрава храна е особено важен за секој потрошувач, но додека едните се ограничуваат само на набавка на свежо овошје и зеленчук што внимателно ќе го распоредат во оброците, други посветуваат многу внимание и на составот на производот – бројот на калории, присутни шеќери, како и протеини.

 

4.       Картичката Клуб Рептил ја наградува лојалноста со пониски цени!

Поволностите на картичката Клуб Рептил ја користат над 20.000 членови, лојални потрошувачи во Рептил маркетите. Членството носи бројни поволности, но пред се, попусти кои членовите ги користат во секојдневното пазарење. Во секое време може да искористите до 10 отсто попуст на над 500 производи. Производите кои се со специјални понуди за членовите се посебно означени во Клуб Рептил каталогот. Сите оние кои се уште ја немаат оваа картичка, може да аплицираат преку онлајн страницата на Рептил. Секоја година нај лојалните членови на клуб Рептил се наградени со пакет производи.

5.        Во Рептил има повеќе видови на акции, викенд, неделни и месечни.

Редовната понуда во Рептил Маркетите е збогатена со неделни акции и специјални понуди креирани специјално да Ви помогнат да заштедите. Пониските цени на производите се резултат од активностите на Рептил да одржи редовна комуникација со потрошувачите, да ги слушне и исполни нивните желби и очекувања преку времено намалување на цената на производот.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations