Oнлајн Демо ДЕН за втората акцелератоторска програма на Сеавус.
Прегледано: 426 | Oбјавено на: 19.05.2020


Со онлајн Демо ДЕН, кој помина во одлична атмосфера, Сеавус Акцелераторот ја заврши
втората акцелератоторска програма насловена како Tech Boost Program, која Сеавус ја
реализираше во партнерство со еден од водечките европски B2B Акцелератори – Startup Wise
Guys.
По 10 неделна онлјалн програма, стартапите на Сеавус Акцелератор имаа ексклузивна
можност своите бизнис идеи да ги претстават пред домашни и странски инвестотитори,
ментори и стартап организации. Со тоа, партнерството со Startup Wise Guys годинава не само
што сериозно го подигна квалитетот на програмата давајќи и интернационален карактер,
туку обезбеди и многу поголема афирмација на нашите стартапи. Во таа насока е и нивното
учество на престижната PODIM конференција на која ќе бидат дел заедно со повеќе од 1000
млади претприемачи од регионот, како и бројни инвеститори од целиот свет изјавија од
Сеавус Акцелератор.
*Сеавус Акцелераторот е прв корпоративен акцелератор за поддршка на технолошки старт ап
компании. Проектот е помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, а оваа
година оствари и партнерство со European Fund for Southeast Europe (EFSE) и Startup Wise Guys
- водечки B2B стратап акцелратор во Европа.


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations