Чувајте се и од вируси и од лоши мисли
Прегледано: 1260 | Oбјавено на: 24.03.2020
 

Бидејки ситуацијата веќе трае доволно долго за да можете да забележете дека, ние како припадници на една група народ, заедно поминуваме низ психолошки фази. Ако си го анализирате вашето однесување и расположение, ќе забележете дека тоа се променило како што поминуваат деновите. Така е нели? Јас овде на кратко ќе ги посочам емоционалните фази низ кои поминува еден народ за време на кризи. Колку подолго трае една криза толку полесно се забележуваат фазите. кризите кои се случуваат изненадно и неочекувано се пропратени со многу краток сегмент од фазите. Првата фаза е наречена: 1. Херојска фаза - Тоа е фазата кога се чувствувавме силни и дека нема шанси тоа на нас да ни се случи! "ТОА СЕ СЛУЧУВА НА ДРУГИ, НО НЕ И МЕНЕ".. Тоа се моментите кога мислевме дека Италија е многу далеку. Оваа фаза е карактеристична и преку поривот за херојство, односно народот се соединува преку одредени “херојски” подвизи, да се помогне, да се биде трпелив и хуман и сл. Очигледно веќе е дека ние оваа фаза ја поминавме и веќе сме во втората фаза која се нарекува: 2. Меден месец или Комфорна фаза - ( интересно име за една криза нели?) Тоа е фазата во која ние веќе неколку дена сме а веќе почнуваме и таа да ја поминуваме). Имено тоа е кога многу ни е убаво тоа што сме дома и конечно со фамилијата. Сите сме со онлајн дружења! Се се нуди преку социјалните мрежи за да ни е удобно и полесно. Сите читаат книги, дури и тие што никогаш не вежбале, почнуват да вежбаат! Сите наеднаш сме среќни родители кои ете креативно ќе го поминеме денот со децата! Да, фазата навистина личи на еден меден месец. Но треба да знаете дека медениот месец бргу ќе заврши и доаѓа нај лошата и најтешка фаза : 3. Разочарувањето - тоа е фаза на депресијата или лутината! Многу од нас ќе станеме неволни за ништо а некои ќе ја искажуваат лутината . Во оваа фаза многу често се појавуваат девијантни дејствија од мали групи. Некои дејствија по моделот на “Секој за себе”. Колку ќе трае оваа фаза во нашиот случај , веројатно ќе знаеме кога ќе го видеме резултатот до 30 ти овој месец. Бидете свесни како вие ги поминувате фазите а со самото тоа ќе можете полесно да ги пребродете, а можеби и да смирите некој што е до вас. Кога ќе излеземе од оваа фаза веќе станува полесно , затоа што оваа фаза се вика: 4. Реконструкција - тогаш веќе сме ја промениле целосно перцепцијата за делување, т.е. сме се прилагодиле на новата ситуација, сме усвоиле нови нови механизми на справување и конечно ќе го чекаме крајот на целата оваа криза по мирно, подготвни да се реализираме. Засега толку од мене. Чувајте се и од вируси и од лоши мисли! Добра ноќ. Доц.Проф.Ана Чучкова
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations