Дестинации и патувања по сечиј вкус со Gotham Travel
Прегледано: 3114 | Oбјавено на: 20.02.2020
  • Дестинации и патувања по сечиј вкус со Gotham Travel

     Среќата и насмевките на задоволни клиенти е нешто што ме исполнува. Нема ништо поубаво од тоа кога ќе видам задоволни и насмеани луѓе кога ќе се вратат од патување. А пак кога сум со нив на п...
 

Александар е несекојдневен човек со интересни искуства и интереси. Дополнително има среќа да ја работи работата од своите соништа и да гради кариера овозможувајќи им на стотоци луѓе да ги посетат дестинациите за кои сонуваат. Александар е некој кој може да ви помогне да ги искусите и најдалечните светски дестинации и да раскажувате за нив. Од неодамна преку Gotham Travel and Events на македонскиот пазар нуди прилагодени програми за патување по сечиј вкус. Поразговаравме малку со него, со цел да ви пренесеме дел од неговата приказна и енергија.

1. Gotham Travel and Events е агенција која нуди сосема поинакви концепти од останатите туристички агенции. Што е она што ве издвојува од останатите?

Како агенција сме релативно нови на пазарот. Но она во што сме сигурни и на што се потпираме како компанија е тимот што е во неа. Луѓе со многу искуство, љубов и посветеност кон работата. Нашата палета на аранжмани е доста широка. Го опфаќа скоро целиот свет. Во што се разликуваме од останатите? По CUSTOM MADE програмите.

Почетоците на Gotham Travel and Events се со Португалија. Само што ја отворивме компанијата веднаш понудивме дестинација која ја немаше на пазарот во Македонија. Ја додадовме програмата и Португалија – Шпанија. Бидејќи голем дел од времето го посветуваме на истражување на местата кои ги нудиме, почнавме да правиме CUSTOM MADE програми за нашите клиенти. Имаме клиенти кои ни бараат целосна организација на нивното патување прилагодено со нивни датуми и буџет. Ние ја изработуваме целосно програмата и го правиме целото истражување за дестинацијата којa ја сакаат. Најголем дел од овие програми се за далечните дестинации, посебно за Маурициус и Сејшели. Како што се развиваше работата ги додадовме Сејшели, Занзибар, Тајланд, Бали, Малдиви, Мадагаскар.

И оваа година вметнуваме нова дестинација. Кипар. Следете не на нашата facebook страна Gotham Travel and Events и инстаграм @gotham_agency. Таму има се 😊

Групните патувања пак, секогаш се со водич и со комплетна програма направена од наша страна. Секогаш имаме пратител со групата ( сега за сега јас го правам тоа ) и им даваме целосна поддршка и водство на нашите патници за време на патувањето. Доколку некој не сака да ја следи програмата, им предложуваме места и начини како да стигнат сами. Tour Lider-от на групата е обучен да ги менаџира сите патници. И тие што се во група со него , но и другите кои сами одлучиле да шетаат. Секогаш е достапен за сите 24/7 😊 

Летово покрај Португалија и Шпанија го имаме и добро познатиот јонски остров КРФ за кој имаме изготвено програма како никогаш до сега. Посета и екскурзии на нови места што ги нема на нашиот пазар. На сите што не биле и на тие што биле им порачувам Дојдете со Gotham Travel and Events”. Ќе си поминете како никогаш до сега.

 

2. Како Ваш личен бизнис профил, како би се дефинирале самите, како директор, пријател или нешто друго?

 Не можам да кажам дека се гледам како директор. Позицијата како сопственик и менаџер на Gotham, ме обврзува најголем дел од моето време да биде резервирано за компанијата и тимот. Секојдневно работиме на усовршување на програмите кои сакаме да ги пласираме на пазарот и понекогаш трае до доцните вечерни часови. Имам фантастичен тим. Тоа го кажувам со голема гордост.   

 Осум години професионално работам во туризмот. Сум видел и искусил работи што ме креирале во личноста која што сум. Со сите што работам ме гледаат како пријател, па ете ќе кажам дека сум и менаџер и пријател. Се трудам да одржувам некој баланс 😊  

3. Што е она што најмногу ве исполнува во Вашето работење?

Среќата и насмевките на задоволни клиенти. Нема ништо поубаво од тоа кога ќе видам задоволни и насмеани луѓе кога ќе се вратат од патување. А пак кога сум со нив на патувањата, самата енергија која ја разменуваме е нешто што не се опишува. Замислете, имате група каде никој со никој не се познава и за само 7 дена тоа прераснува во пријателство како да се познаваат неколку години. Чувство кое треба да се доживее за да може да се разбере.

4. Дали луксузот е материјализација на успехот и што според тебе е успехот, личен и професионален?

Идејата за Gotham Travel and Events се крчкаше од 2015 година. Повеќе од 4 години беа потребни за да се реализира она што денес е оваа агенција. Во 2016 година направив бизнис план, тогаш за невработени лица до 29 години и според Агенција за Претприемништво имаше најмногу бодови на ниво на Македонија. Следен чекор беше добивање кредит од банката и тука потфрливме. Неможев да го исполнам бројот на жиранти што ми го побараа. Останав без работа неколку месеци и работев само хонорарно како водич на групи кога ќе ме ангажираше некоја агенција. Ова главно го правев со цел да останам во бизнисот. Отидов кај еден пријател што имаше туристичка агенција и му реков: Знам дека не ти треба човек и не барам да ме плаќаш, само дозволи ми да доаѓам и да работам. Знам дека моето време ќе дојде. И реално така и се случи. После многу донесени и не донесени одлуки, ете се роди Gotham. 😊

Затоа Успехот не можам да го дефинирам. После толку многу предизвици, измешани емоции, на лично и на професионално ниво, сметам дека имам постигнато голем успех само со тоа што не сум се откажал никогаш од мојата цел и од создавањето на Gotham Travel and Events.  

5. Што најмногу ви помага во успехот, што би издвоиле како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Позицијата како сопственик и менаџер ме обврзува сите одлуки поврзани со развојот на компанијата и брендот да бидат на мој грб. Затоа секојдневно работам на себе. Но, за мене лично, како најбитен предуслов се луѓето што се околу мене. Поддршката која ја добивам од моето семејство е нешто што ми дава сила секогаш кога ќе се најдам во тешка ситуација. И среќен сум што имам луѓе од областа на правото, економијата, психологијата, кои се врвни во својата работа и можам секогаш да разговарам за било што и да ми треба. Сепак, најдобрата инвестиција која ја правиме сите ние е, кога инвестираме во луѓето околу нас. Сакаш да си успешен во што и да работиш? Бирај ги мудро луѓето околу тебе и инвестирај во нив.     

6. Покрај професијата, дали имате и друг начин на реализација? (хоби, пасија)

Од мал сум близок со музиката и со спортот. Од четврто одделение започнав да свирам гитара, па после и средно музичко на класична гитара, па факултет класична гитара ... Но во еден момент сфатив дека гитарата секогаш ќе ми биде првата љубов, но нема да заработувам со неа. Музиката секогаш ми била присутна во животот.

Тренирав и боречки спортови и вештини, но пред неколку години имав среќа да се запознаам, со сега мој сенсеи Иванчо Горјанин, кој ме внесе и запозна со бушидо културата. Бушидо е кодот на чест по кој се воделе и го живееле во Јапонија, а симболично денес тоа се случува и тука, преточен не само како вештина туку како животен стил.  Шуготенши карате-до школата за бушидо со своето Јамамори Доџо се мојот втор дом. 😊


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations