Интервју со Стефан Ристевски. Млад научник за чии пронајдоци ќе читате во иднина
Прегледано: 2618 | Oбјавено на: 13.09.2019
 

Тивок, мирен, повлечен но впечатлив. Секогаш посветен на науката. Отсекогаш математиката, бројките, формулите, му се нешто што го привлекува. Градејќи го својот пат и следејќи ја својата љубопитност се запишува во средното училиште Јахја Кемал во Скопје. Таму уште како тинејџер го следат извонредни успеси, добива стипендија за додипломски студии на Блиско Источниот Технички Универзитет (Middle East Technical University – METU) на машинскиот факултетот во Анкара. Со исклучителен просек 10, и факултет завршен во рекордно време, решава своето образование да го продолжи на постдипломски студии на Машинскиот Фаукултет на Универзитетот Билкент (Bilkent) исто во Анкара. Успева  во соработка со својот професор Др. Мелих Чакмакчи (Dr. Melih Çakmakçı) да создаде уникатен механизам за движење кој е интегриран во модуларна мехатроничка ќелија наречена – МехаСел (MechaCell).

Денес, Стефан може да го најдете во лабораторијата и амфитеатрите на Универзитетот на Јужна Флорида, во Тампа, САД, каде работи на својата докторска теза и истражувања поврзани со моделирање на системи и адаптивна контрола.


Длабоко размислувајќи на последиците на технолошкиот напредок и можните сценарија на евентуален конфликт на егзистенцијата помеѓу технологијата и човекот, Исак Асимов уште во 1942 година прв зборува за универзални закони на роботиката. Размислувајќи за далечната иднина, елегантно прави обид да се спречи евентуален конфликт на две интелигенции, природната и вештачката, преку воведување на три основни закони во роботиката. Дали се доволни овие три закони или пак треба да се корегираат бидејќи технолошки контекстот во 1942 година и денес е тотално различен?

Ристевски: Искрено ова е тешко прашање да се одговори. Од моја гледна точка, како машински инженер, технологијата што моментално ја поседуваме не може ни проближно да ги реплицира движењата на еден човек. Ќе ни требаат многу години да усовршиме механизам што би бил подвижен како еден човек. Што следува дека моменталната вештачка интелигенција живее само во неподвижни кутии. Последните информации што ги имам прочитано врз основа на истражување на вештачка интелигенција покажуваат големо напредување за разлика од механичкоит свет. Иако, имаме направено вештачка интелигенција што го победи светскиот шампоин во GO, сепак таа вештачка интелигенција моментално е лесно контролирана од страна на човекот. Но во иднина ако успееме да направиме вештачка интелигенција која ќе биде во можност да чувствува, тогаш би започнале нашите проблеми, и би требало да бидеме многу внимателни. Во овој случај законите што Исак Асимов ги има поставено нема да се доволни за нашиот опстанок.

Мое мислење е дека дистопијата односно технологијата во служба на дистопијата е нешто што го застрашува секој кој се занимава со наука. Како ти гледаш на конфликтот на етиката и технологијата, доколку гледаш таков конфликт?

Ристевски: Мое мислење е дека нема конфликт меѓу сегашната технологија и технологијта во блиска иднина што е достапна и би била достапна на секој поединец со етиката и етичкото однесување. Моменталната состојба е само олеснување на нашиот живот и подобрување на квалитетот на нашиот живот. Се додека не дојде моментот како што кажав претходно вештачката интелегенција да е во можност да чувствува и биде достапна за секого, не гледам конфликт.

Надвор од академските кругови, апстракцијата на светот и обврските кои верувам ти се секојдневие, што е она што тотално те опушта во слободните моменти?

Ристевски: Секако дека и сакам колку имам можност да прочитам информации кои не се во контекст со моето истражување. Исто така обожавам да гледам серии, посебно футуристички како на пример Black Mirror, која навлегува во тематиката како технологијата го менува нашето мислење и влијае врз нашите постапки. Исто така оваа серија и навлегува во нашето етичко однесување кога би имале пристап на технологија која моментално не е реалност. Од друга страна, кога ќе најдам време и можност, сакам да играм групни спорови, посебно фудбал и сквош за да го разбијам секојдневието од седење пред компјутер 😊

Која е пораката која би сакал да ја споделиш со сите интелектуално љубопитни млади луѓе во овој момент?

Ристевски: До сите оние кои поседуваат љубопитност, би сакал да им порачам никогаш да не ја изгубат, затоа што тоа е најважното нешто за напредок. Во времево во кое живееме денес, многу информации ни се достапни преку интернетот, би препорачал колку што можат да ја хранат својата љубопитност.

„Аха!“ моменти и колку често ги имаш со оглед на тоа што си некој кој постојано треба да доаѓа до нови идеи односно решенија? Дали со време се намалува или зголемува бројот на вакви моменти?

Ристевски: “Аха!” моменти сум доживеал не само на нова идеја, туку кога сум читал нешто или учел за испит ама не со потполно разбирање, и после одреден период се среќавам со сличен или ист проблем, но со поголемо искуство и знаење и одеднаш идејата си најдува свое место со поврзување на различни аспекти и теории. Не можам да кажам дали ваквите моменти се зголемуваат или намалуваат, но можам со сигурност да кажам дека со надградување на постоечката теорија се доаѓа до многу нови идеи кога тој момент е присутен. Пример, на Ајштајн му требало цел живот да дојде до неговата теорија, која сега е достапна на сите и може да се проучи за многу пократок период, и со многу информации кои се достапни има простор за многу нови идеи за проширување. Идеи за кои тој немал време да ги согледа. Ова е само еден пример, има многу постигнувања од минатото што  одземале по цел животен век на поединци, а денес се достапни со неколку кликнувања, и имаат потенцијал да се надоградат и доведат до различни интересни нови идеи.

Наука. Една од главните причини зошто светот ја има баш оваа форма на функионирање денес. Стефан како човечки фактор во креирањето на една од најинтересните научни дисциплини, роботиката односно механотрониката. Какво е чувството да креираш работи кои само пред 10 години биле сцена од научно-фантастични филмови?

Ристевски: Брзината со која се развива техологијата денес е многу поголема од пред десет години. Но сепак, секоја нова идеја дава чувство на еуфорија, особено нешто што пред десет години било незамисливо, а денес е реалност. Се надевам дека секој кој би сакал да даде придонес кон формирање на идната технологија која сега е научна фантастика, а би била реалност во иднина, да го доживее тој еуфоричен момент.  

Стефан, кажи ни нешто повеќе за твојот патент? Како дојде до соработка, претставување на конференции низ светот и патентирање на истиот.

Ристевски: Низ годините научниците ги развија роботите од механички во мехатронички, од неподвижни во движечки, станувајќи се помали во физички обем. Ние се обидовме да создадеме процес кој е сличен со некои во природата.

Професорот Мелих Чакмакчи беше мој ментор на постдипломските студии, со кој секогаш имавме блиска соработка и висок степен на разбирање,  резултираше со уникатен пронајдок.

Зачеток на идејата за системот на движење беше начинот на функционирање на мравките, минијатурни инсекти, кои здружено успеваат да ја остварат својата цел. Оттука потекнува и нашата замисла за  мехатронички систем  „MechaCell“, така што една “MechaCell” не е во можност да изврши многу функции, но повеќе “MechaCells” заедно можат да завршат комплицирани задачи.

Механичкиот дизајн се заснова  на уникатен систем за локомоција кој има механизам да конвертира вибраци во праволиниско движење. Овој дизајн има два независни контролери, еден за управување и еден за праволиниска контрола на брзината, кои се дизајнирани за „MechaCell“ да може да прати комплексни патеки и групи на мека ќелии кои можат да го водат објектот кон комплексни патеки на движење.

Поради уникатноста на механизмот за локомоција Билкент универзитет ни овозможи услови истиот да го патентираме заедно со Др. Мелих Чакмакчи.

Каде би можел да најде примена?

Ристевски: Идејата за принципот на локомоција кој го интегриравме во MechaCell, е тоа што самиот механизам нема подвижни делови кои се во контакт со надворешната средина како на пример тркала, или ленти. Нашата замисла за примена на MechaCell е за фиксирање на делови за обработка кои се деликатни по својот изглед и фликсибилни при што не можат да се фиксираат користејќи ги веќе постоечките класични механизми. Со употреба на повеќе MechaCells делот може да биде фиксиран и исто така може да се манипулира со неговата позиција.

Повеќе од година дена си на докторски студии во САД, како дојде до тоа да успееш да добиеш стипендија и позиција на Универзитетот на Јужна Флорида?

Ристевски: Повторно, во соработка со професори со кои сум континуирано во контакт,  ме упатија на Универзитетот на Флорида, кој има високо рангиран оддел за машинско  инженерство и еден од најдобрите професори на истиот Др. Тансел Јуџелен (Dr. Tansel Yucelen), кој воедно е и мој ментор, беа во потрага по докторант кој има познавање и сака да се доусовршува во областа на адаптивната контрола на системи. Тука ја најдовме заедничката точка.

Адаптивната контрола има првенство над класичните ПИД контролери така што може лесно да ги надмине непознатите компоненти во системот кои произлегуваат од недоволно прецизно моделирање (на пример модел од квадкоптерлетало кое користи четири пропелери) или модел на триење (кое што никогаш не може да се моделира прецизно).   

На што работиш во моментот?

Ристевски: Во моментов работиме на интеграција на адаптивна контрола врз систем од летала кои заедно во координација би биле во можност да извршат комплицирана заедничка задача со ограничена меѓусебна размена на податоци. Во ова сценарио, нашата цел е задачата да биде завршена и во случај кога едно или повеќе од леталата поради непознати причини дефектираат.

Кои се твоите идни планови, по завршувањето на докторатот?

Ристевски: Моите понатомошни планови, после докторирање би биле да се вработам во компанија која врши напредни истражувања во областа на контролата на системи во Европа или САД. Не ја исклучувам можноста и за работа во академијата, како на пример асистент професор на некои од престижните универзитети како во САД така и во Европа.

Повеќе за наговите научни дела може да најдете на слените линкови:
-
Mechanical and control design of a modular mechatronic device – MechaCell
-
IEEE/ASME International Conference on Advanced Intelligent Mechatronics (AIM)

Интервјуто го подготви: Дражен Котески
Фотографии: Стефан Ристевски

  



Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations