Движете се сигурно и спокојно со Сојузот на возачи на Македонија
Прегледано: 626 | Oбјавено на: 12.09.2019
 

Движете се сигурно и спокојно со Сојузот на возачи на Македонија

Со промената на технологијата се променува и начинот на функционирањето на целото општество. Растојанието и бариерите стануваат се помали и понебитни, а дневните миграции помеѓу различни места се дел од секојдневието. Сето тоа не би било можно доколку не беа променети средствата за движење, возилата воопшто, но и она што се подразбира како сообраќај на патиштата. Во тој комплексен систем освен инфраструктурата, дистрибутерите на возила и самите корисници на возила, една битна алка претставуваат и организациите како Сојузот на возачи на Македонија. Како низ времето се менувал пристапот кон возилата, нивната подготвеност да се движат и да го формираат сообраќајот се менувала и улогата на сервисните услуги односно потребата истите да се унифицираат и системски да се следи исправноста на возилата.
Доколку не би постоел тој систем на правила и обврски сообраќајот би бил критичен сегмент на живеењето и предизвик на секој учесник во истиот.
За тоа говори и развојот на собраќајот гледано хронолошки преку бројот на возила и нивниот раст низ времето.


Целиот тој раст и комплексноста на проблематика може да се види и преку порастот на возила последниот век, односно од  1 возило забележано во 1905 година, после 40 години односно во 1946 година имаме 207 регистрирани возила во Македонија. После овој период рапидно расте бројот на возила односно 100.032 возила триесет години покасно во 1975 година или дури 299.588 возила 25 години покасно, односно во 2000 година.

Истото тоа може да се види и со промената, односно растот на бројот на возачи низ времето. Она што е забележано од статистички аспект се 50 регистрирани возачи во 1946 година, односно за 30 години покасно во 1976 година да имаме 56.000 регистрирани возачи. Бројката во 2000 година која е забележана изнесува 693.750 регистрирани возачи. 


Бројките несомнено зборуваат доволно за потребата од соодветно организирање и пристап кон сообраќајот и сите вклучени страни. Најдобро и конкретно најдолго во Р. Македонија дел од оваа приказна е Сојузот на возачи на Македонија кој зад себе има традиција која датира од 1954 година и успешно се справува со сите предизвици кои ги налага времето и проблематиката.

Несомнено нивниот слоган мошне добро ја опишува нивната цел и постоење. Движење, Безбедност, Традиција е слоганот со кој се препознатливи на пазарот во Македонија и се ретка компанија која може да се пофали со технологија, но и тим кој е професионален и адекватно одговара на потребите на своите клиенти. Секој кој е на чекор пред избор на која компанија ќе ја даде довербата да го сервисира и врши технички преглед на возилото треба да се раководи од принципот на професионална услуга, но и традицијата на успех која ја има компанијата со која соработува. Во тој дел, Сојуз на возачи на Македонија нескромно може да се пофали дека долгогодишната традиција и одржувањето на оваа компанија на пазарот не би била можна доколку не се докажано добри и пружаат адекватни услуги во сегментот на нивното работење.
Тоа е резултат на 65 годишно работење.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations