Центарот за странски јазици – Скопје, слави јубилеј - 65 години постоење
Прегледано: 1248 | Oбјавено на: 05.09.2019
 

Центарот за странски јазици – Скопје оваа година слави јубилеј - 65 години постоење. Повеќе од половина век успешно го реализира изучувањето странски јазици и со тоа ја остварува својата цел – слушателите да ја совладаат уметноста на зборувањето, слушањето, пишувањето, читањето, па дури и размислувањето на странски јазик.
 
Најстарото училиште за странски јазици во нашата земја првпат почна со работа во 1954 година и веќе 65 години нуди курсеви за повеќе странски јазици, како и настава за странци што сакаат да го научат македонскиот јазик. Првиот курс на англиски јазик бил исклучиво наменет за дипломати и претставници во странство. Неколку години подоцна почнуваат и курсевите по француски и германски јазик, а во 1966 година првпат се организираат и курсеви за деца.
 
Во текот на своето долгогодишно постоење, Центарот прерасна во реномирана институција за изучување странски јазици. Курсевите се нудат на сите нивоа и ги посетуваат слушатели од различни возрасти кои се стекнуваат со јазични вештини и се запознаваат со различни култури и традиции. Притоа, имаат можност да се подготват за полагање испити со цел да се стекнат со меѓународно признати сертификати. Висококвалитетната настава се изведува со помош на современи интерактивни методи и техники за да им се излезе во пресрет на индивидуалните потреби на учениците. 
 
Грижата за секој поединечен слушател е еден од најдрагоцените аспекти од работата на Центарот за странски јазици, а возвратената доверба од слушателите претставува постојана инспирација и мотивација за успех. 

(Комерцијална објава)





Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations