Одржувајте ги фит и умот и телото со електричен тротинет
Прегледано: 1364 | Oбјавено на: 23.08.2019
 Мобилноста, но и физичката подготвеност на поединецот, се навистина актуелни теми и во 2019 година, особено ако притоа може да се придонесе и за заштита на животната средина. Потрагата по идеално средство за транспорт до работното место, притоа да не се препотите и преморите и се разбира да бидете подготвен/а за сѐ што може работниот ден да Ви подготви, ги исфрла од конкуренција велосипедот, ролерите и пешачењето. Наметнувајќи го како најдобар избор, но и победник – електричниот тротинет. Апсолутниот „must have“ за секој еко-освестен поединец којшто сака да го одржува фит и умот и телото.

Придобивките од употреба на електричните тротинети се огромни и незаменливи. Иако навидум изгледа дека возачот на тротинетот е пасивен, односно само стои и го управува тротинетот со рацете, сепак, оние што веќе ги возат тротинетите велат дека возењето претставува целокупен психо-физички ангажман на телото и умот. Оваа состојба им помага да размислуваат побргу, односно да се пресметаат однапред можностите за разминување со пешаците и возилата, затоа што безбедноста е на прво место. Притоа, целото тело е подготвено да реагираа соодветно.

Но, ајде постепено да ги разгледаме сите аспекти за придобивките што ги нуди управувањето со електричниот тротинет.

Прво, кога возите тротинет низ градот, неопходно е физички да бидете активни. Тоа значи стоење при возење, но и застанување и симнување од тротинетот секаде каде што нема услови за безбедно возење. Пример, се застанува на семафори, при премин од една на друга страна на улица, при угорници со нагиб над 20 проценти и тоа, ја ангажира речиси целата мускулатура на телото.

Потоа, при возење неопходно е да стоите во исправена состојба, односно немате можност да бидете во седечка положба. Исправеното држење на телото, освен што ги зајакнува мускулите, обезбедува и полесна циркулација на крвта. Ова многу позитивно влијае на здравјето на возачот. Оваа положба на телото го подобрува и телесниот баланс, односно, колку подобар телесен баланс имате толку сте поподготвени за физички активности.

Трето, кога тој/таа ќе пристигне на своето работно место, дефинитивно, нема потреба од дополнителни стимуланси за будење и расонување. Едноставно, личноста психо-физички е подготвена за почеток на работниот процес. При возење со велосипед, личноста повеќе се ангажира физички и тоа доведува до препотување, што секако, не е посакувана состојба пред состанок или да се појавите пред колегите. Оние што возат велосипед до работното место знаат дека е потребно туширање пред да се стартува со работата, што секако го скратува работниот ден.

Четврто, возењето тротинет ја обезбедува целокупната слобода на движење на личноста. Во зависност од умешноста и знаењето на возачот, многу лесно се вози низ градскиот метеж и многу побргу се стигнува до посакуваната дестинација. Секако, не на штета на безбедноста во сообраќајот како примарен предуслов за управување со тротинет. Токму ова е препораката на Хамачи Македонија, секогаш кога купувате од нивните тротинети – возете безбедно и умно.

На петтата позиција, секако, доаѓаат сите придобивки кои директно рефлектираат на заштита на животната средина, некористење фосилни горива, намалување на градскиот метеж, лесно носење на тротинетите и секако, евтината цена на електричните тротинети во однос на возилата.

Можеби заштедата на време при движењето со електричен тротинет, а со тоа и намалување на стресот, е една од најважните придобивки за поединецот. Односно, можете побрзо да се движите низ сообраќајниот метеж, како и да користите пократки патеки низ градските паркови или за оние кои живеат во Скопје, на кејот покрај Вардар. Не само што побрзо и порелаксирани ќе стигнете на посакуваната дестинација, туку потоа не треба да се грижите за паркинг. Наместо 5 или 15 минути потрага по слободно паркинг место, едноставно електричниот тротинет може да го спакувате и да го земете со себе.

И за крај, кога се враќате дома, а имате желба и за малку посилна физичка активност, едноставно исклучете го моторот и туркајте со стапалото, како и децата. Ако сте одбрале полесен модел на електричен тротинет, ова ќе Ви помогне и физички да се ослободите од стресот што сте го собрале во текот на работниот ден.

Хамачи Македонија Ве повикува да се придружите на „армијата“ верни и лојални купувачи и да ја намалиме загаденоста на средината во која живееме. И секако да управувате електричен тротинет за подобро психо-физичко здравје.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations