Сојуз на возачи на Македонија
Прегледано: 1328 | Oбјавено на: 26.07.2019
  • Сојуз на возачи на Македонија

     Движење, безбедност, традиција. Визија која, неколку децении, успешно ги спојува најважните сегменти во функционирањето на Сојузот на возачи на Македонија. 
 Живееме во ера кога сè е во движење. Но, движењето не е „измислено“ вчера, туку како perpetum mobile сè се движи постојано. Се менува природата, пејсажот, се менува околината, се „движи“ времето. Измислувањето на автомобилот пред повеќе од еден век, всушност, само го намалува времето за движење од една до друга точка. Но, базата е движењето. Се движи и секоја компанија.
 
Нашиот Сојуз на возачи постои повеќе од шест децени. И токму тогаш, со самото основање, организацијата го почнува своето витално движење. Успешно, како организација, функционира во два различни системи на државно уредување. Во два различни века. Оваа флексибилност овозможува да продолжиме да функционираме многу одговорно и квалитетно.
 
Секако, во „движење“, согласно временските прилики, се и нашите услуги. Преземеме сè што е потребно да осигураме безбедно возење. Токму како што е дефинирана нашата мисија – со комбинација на стручното работење и на технологијата да создадеме побезбедена иднина. Тоа го правиме на тој начин што испорачуваме ефективна и професионална услуга за нашите корисници на моторни возила. Ваквиот начин на работење, всушност, ја гради нашата доверба која ја добиваме од општеството, квалитетот на услугите кои ги нудиме како компанија. И денес, по шест децении се стремиме кон подобро сообраќајно техничко образование, подобра сообраќајната култура и поголема безбедноста на сообраќајот.
 
Дефинитивно, како компанија сме верни на традицијата. На оној никулец, кој пред повеќе од 60 години, ги поставил основите на функционирање на нашиот Сојуз. Верни сме на традицијата затоа што успешно ја исполнува нашата мисија – да осигураме поголема безбедност во сообраќајот.

Секако, како Сојуз на возачи сме свесни дека на овој пат, сè уште имаме уште многу предизвици. Затоа што, како што се движиме ние, всушност се движи и развојот на технологијата, се движат изумите и иновативните решенија во сообраќајот, се движат генерациите кои треба да ги совладаат техниките за безбедност. Нашата палета услуги постојано расте и се подобрува. Од технички преглед на моторните возила, преку обезбедување меѓународна возачка дозвола и уверение за управување туѓо моторно возило, пробни таблици и потврда за пробно возење, секако во Сојузот на возачи може да добиете и а-тестирање на моторните возила, хомологација, осигурителна полиса и сите други услуги кои ќе ја осигураат вашата безбедност и навигација во сообраќајот.
 
Грижејќи се за нашиот верен клиент, како Сојуз на возачи организираме многу промоции. И тие постојано се движат, согласно потребите на клиентите. Она што треба да го сторите е да дојдете на нашите пунктови и заедно, да ги дефинираме услугите кои ќе Ви овозможат убав летен одмор, безгрижно патување и секако, движење во животот.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations