ЗАДОВОЛНИТЕ КЛИЕНТИ СЕ НАЈДОБРИОТ МАРКЕТИНГ ШТО МОЖЕ ДА ГО ДОБИЕТЕ
Прегледано: 2096 | Oбјавено на: 08.07.2019
 Aleksandar Milososki
Александар Милошоски
Управител на Сојуз на возачи на Македонија

1. Сојуз на Возачи на Македонија е редок пример на компанија која опстојува повеќе од 60 години и бележи постојан раст. На што се должи успехот на компанијата?

- Би ја издвоил како клучна грижата кон нашите клиенти и нашите вработени, која неминовно ни го трасира патот кон успехот. Не се многу организациите кои ја покажаа својата виталност, кои премостија два система и две столетија и кои со подеднаква одговорност продолжуваат да работат и денес, како и во времето кога се формираа. Тоа е потврда која не исполнува со задоволство, но, пред се, тоа е обврска, и натаму да се извршуваат бројните задачи подеднакво одговорно и квалитетно.


2. Пазарот и бизнисите се многу динамични. Самите клиенти, нивниот број но и пазарот константно се менуваат. Како се справувате со овие предизвици на дневно ниво?

- Градењето и одржувањето лојални клиенти е пресуден фактор за одржувањето и надградувањето на пазарната позиција на нашата компанија. Квалитетната услуга и бенефитите со кои можат да се стекнат нашите клиенти ја овозможуваат потрошувачката лојалност, секако, следејќи ги напредокот на технологијата поврзана со нашата дејност, навиките на потрошувачите, промената на законските прописи, како и нивна имплементација во работењето.
Во самата динамика на промени пробуваме да најдеме дополнителен мотив да се издигнеме ниво погоре во секој поглед на работењето.


3. Дали компанијата според вас ги следи техничко-технолошките трендови во секторот и како тоа се одразува на бизнисот?

- Секако. Унапредените и нови технологии овозможуваат дополнителна вредност на самата услуга и можност за воведување дополнителни услуги за нашите клиенти. Балансирајќи меѓу финансиските можности, промените на пазарот и можностите кои ги нуди новата и унапредена опрема, нашата компанија секогаш се стреми да остане во чекор со техничко-технолошките трендови.


4. Задоволните клиенти значат и успешен бизнис. Значат и препорака за нови клиенти и континуитет во работењето. Што би споделиле со вашите клиенти со цел да ја придобиете нивната доверба?

- Задоволните клиенти се најдобриот маркетинг што може да го добиете. Од задоволните клиенти ја градиме базата на лојални клиенти. Вложуваме доста време и енергија за следење на нивното задоволството, бидејќи ни значи нивното мислење и сугестии што ги даваат. Клиентите можат да ни се обратат со писмен формулар, телефонски, по електронска пошта, а по нивно инсистирање, менаџментот е секогаш достапен и за директен контакт.


5. Имате широко портфолио на услуги за Вашите клиенти. Сепак дали во иднина размислувате за дополнително проширување на вашите услуги и во која насока?

- И покрај широката палета на услуги што ја нуди нашата компанија, сепак постојат можности за проширување, пред се во делот на улугите на техничката служба. Постојано вршиме анализи и ги следиме потребните кадровски и технолошки услови потребни за одредени услуги кои планираме да ги воведеме во иднина, како: дозвола за превоз на опасни материи, сертификат за превоз на лесно расипливи производи и друго. Исто така, планираме воведување на комплементарни услуги, поврзани со моторните возила и сообраќајот, но за тоа поопширно во некоја друга прилика. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations