ЕВРОПСКА КАМПАЊА!!!
Прегледано: 1856 | Oбјавено на: 10.03.2016
Компанијата Ми-Да Гранд Моторс, официјален импортер на возилата од марката Ford за Македонија, ги намали цените за сервис поддршка на своите клиенти за сите модели и за сите видови сервиси. Намалувањето на цените се движи од 30 до 50 проценти.

Причина за ваквата одлука, како што објаснуваат од компанијата, е огромната поддршка што Ми-Да Гранд Моторс ја добива од Ford преку европската кампања „Motorcraft“ која се однесува на сите возила постари од пет години.

„Ford одлучи да ги поддржи сопствениците на Ford возила во Македонија со тоа што овозможува поддршка во поглед на намалување на цените за сервис услуги. Тоа значи, сите сопственици на наши возила ќе добијат пониски цени за сервисот, без разлика кој модел на возило го имаат или каков сервис треба да направат. Ова е голема предност која без помош од централата на Ford ние како домашна компанија, самостојно, не можевме да ја обезбедиме за нашите клиенти. Сопствениците на возила постари од пет години сега добиваат оригинални делови и професионална услуга по најниски цени во историјата“, објаснува Зоран Атанасовски, директор на пост-продажба во Ми-Да Гранд Моторс.

И понатаму, сервис може да се закажува преку апликацијата “Мој сервис” на официјалната веб страна на компанијата www.ford.mk(/Мој_Сервис), каде сопствениците на возила може да ги проверат цените за сервисите и да закажат термин за своето возило он-лајн.

Доколку се направи сервис кај овластен центар, тоа гарантира вградување на оригинални делови кои доаѓаат со гаранција и обучен стручен кадар. Годишно, во сервисот на Ми-Да Гранд Моторс поминуваат околу 8.000 возила за сервис.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations