ДЛУМ со нова изложба во галерија „КО-РА“
Прегледано: 2271 | Oбјавено на: 15.10.2015
 Скопје, 15.10.2015 – Денес во Домот на Културата „Кочо Рацин“ во Скопје, во големиот Салон на галеријата „КО-РА“ ќе биде отворено 7. издание на изложбата „Експериментален цртеж“ организирана од Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).

На изложбата учество со свои дела ќе земат 36 ликовни автори, членови на Друштвото, меѓу кои: Александар Јанкуловски-Цане, Мирослава Микица Трујкановиќ, Марија Светиева, Маријета Сидовски, Анѓел Димовски-Чауш, Јовица Мијалковиќ, Јана Манева-Чупоска и многу други.

Ова изложба има за цел популаризација на цртежот како составен дел како од ликовната и применетата уметност, така и од театарската, филмската и видео арт уметоста, со што се потенцира значењето на овој изложбен концепт. Преку него поттикнувачки се влијае на развојот на новите форми на цртежот создавајќи нов концепт кој целосно го напушта класичниот. Современиот цртеж ги користи и традиционалните техники, но и го проширува полето на истражување и експериментирање, притоа вклучувајќи ги сите негови радикални трансформации.

Изложбата „Експериментален цртеж 2015“ свечено ќе биде отворена во Четврток, 15.10.2015 од 20:00 часот во галеријата „КО-РА“, во рамки на Домот на Култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Сите љубители на цртежот истата ќе може да ја посетат во периодот до 25.10.2015 година.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Интервју со Мери Мирческa, ултрамаратонец
Пред околу 3,5 години сосема случајно истрчав полумаратон без никакви припреми ниту пак потешкотии. Едно ново случајно познанство таму ја смени брзината на планинарењето која до тогаш ја практикував. Од страсен планинар, станав планински тркач.
Интервју со Васил Зидровски. Иноватор и млад човек со интересен поглед на светот
 Љубопитен по природа. Интересен собеседник. Лукаво паметен кога треба да направи некој алгоритам. „Problem Solver”.
Како да се употреби докторатот за постигнување на сопствените цели
 Сè што чиниме во животот има единствена мотивација: како да ги постигнеме нашите цели. Секоја дефинирана активност, акција, размисла и улога, всушност, е насочена да го добиеме или да го оствариме она што сме го зацртале како патека на движење во нашиот живот. 
Интервју со Кокан Ајановски, тркач и Personal Wellness Coach
Трчањето не е само физичка активност. Трчањето е стил на живеење и постојана борба да се надминеш себе. 





Facebook
Reccomendations