Најздравите намирници на светот!
Прегледано: 4169 | Oбјавено на: 25.12.2013
Во денешно време е многу тешко да се храните здраво доколу немате навистина длабок џеб. Сепак постои решение. Доволно е да знаете список на намирници кои имаат навистина благотворно дејство на вашиот организам. Потрудете се што почесто да ги имате на вашата трпеза за да бидете здрави.

Леќа
Леќата не содржи штетен холестерол и преставува одличен извор на Б витамин и јаглехидрати.

Печурки

Печурката е совршена нискокалорична замена за црвеното месо. Печурките исто така го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојката.

Јачмен

Оваа житарица е богата со природни влакна и претставува вистински борец против покачениот холестерол.

Ореви

Оревите се одлични стабилизатори на високиот холестерол бидејќи се богати со Омега 3 масни киселини.

Интегрални тестенини

Најздравиот облик на тестенини кои содржат три пати повеќе влакна од останатите.

Путер од кикирики или бадеми

Тие содржат монозаштитени масни киселини кои се одлични за срцето. Предноста е што овој путер можете да го подготвите и сами во домашен амбиент.

Боровница

Ова овошје е одличен природен антиоксидант кој е корисен за јакнење на крвните садови. Боровницата е богата со витамин Ц, биофлавоноид, фолна киселина, калиум, калциум и железо.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations