Што навистина мислат мажите за бракот?
Прегледано: 4635 | Oбјавено на: 21.11.2013
Многу жени веруваат дека мажите немаат исто мислење за бракот како нив. Всушност, повеќето жени се сигурни дека мажите живеат за добра забава, пиење пиво со пријателите и гледање фудбал, а не за семејство и деца.

Меѓутоа, доколку и вие размислувате така, верувајте дека грешите. Точно е тоа дека во еден дел од нивниот живот, тие сакаат да бидат слободни и несериозни, но потоа дефинитивно доаѓа период кога сакаат да се смират.

Ви ги претставуваме резултатите од многубројните истражувања кои, процентуално покажуваат на кој начин мажите гледаат на бракот. По ова, можеби и ќе го промените мислењето:
68% веруваат дека бракот трае додека “смртта не ве раздели”.
74% од мажите сметаат дека постојат “жени за забава”, и “жени за брак”.
62% мислат дека жените се тие кои повеќе сакаат да бидат во брак.
60% изјавиле дека нема да им фали секс со други жени одкако ќе се оженат.
56% од нив изјавиле дека е важно да се биде во брак пред да се има дете.
60% признале дека бракот им е на врвот на приоритетите, а 55% дека се возбудени околу помислата да бидат во брак.
46% смета дека паровите, пред да стапат во брак, треба да живеат некој период заедно.
79% сметаат дека бракот е “доживотно партнерство”.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations