Тестенини со сирење и пилешко
Прегледано: 19368 | Oбјавено на: 11.11.2013
Состојки:
150 гр. сирење
400 гр. пилешки стек
400 гр. свежи шампињони
200 мл. кисела павлака
босилек, свеж магдонос

Подготовка:
На загреано масло се растопуваат 150 гр.сечкано овчо сирење. Кога ќе се растопи се додаваат 400 грама, на коцки сечкан пилешки стек (може и саламурен). По 5-6 минути пржење, се додаваат 400 грама сечкани свежи печурки-шампињони, малку босилек и сечкан свеж магдонос. Откако ќе испари водата од печурките, во ова се вмешува 200 мл кисела павлака. Овој сос, вака топол, се додава на варените тестенини.



 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations