Сарма од лозов лист
Прегледано: 4022 | Oбјавено на: 28.10.2013
Потребни состојки:

50-60 листови од лоза
500 гр мелено месо
2 главици кромид (или 2-3 врзопчиња млад кромид)
2 моркова
1/2 китка магдонос
150 гр ориз
1 јајце
1 лажиче мешан зачин
1 лажиче црвен пипер
малку сол
малку бибер

Подготовка:
Листовите се бланшираат во врела вода, се цедат и се оставаат да се оладат.
Кромидот и морковот ситно се сечкаат и се пржат додека да омекнат. Се додава месото, сето се меша, се пропржува и потоа се додаваат магдонос, ориз и се зачинува со мешан зачин, црвен пипер, сол и бибер. Сето се промешува да се изедначи, се трга од оган, се додава 1 јајце и повторно се промешува. Со овој фил се филуваат листовите, се виткаат и се редат во тенџере или (земјена) тава, се полеваат со врела вода (да ги покрие сармичките околу 4-5 см над нив). Се вари 2 часа на тивко или се пече во рерна покриено со фолија.



Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations