Најекономично средство за отстранување на каменецот од вашата машина за перење!
Прегледано: 62597 | Oбјавено на: 26.09.2013
Иако ги купувате сите оние средства кои се рекламираат на телевизија, не успевате целосно да го одстраните каменецот од вашата машина за перење алишта. Каменецот може да предизвика сериозни проблеми на машината, чија поправка не е воопшто ефтина, или уште пострашно, да морате да купувате нова машина. Ние ќе ве спасиме со еден многу едноставен, еколошки и економичен трик.

Купете 450 грама лимонтус. Ставете го дирекно во барабанот, и вклучете ја машината на програмата за вриење. Кога ќе заврши перењето ќе бидете воодушевени. Вашата машина ќе изгледа како нова.

При секое перење слободно ставете лажичка или две сода бикарбона, а перењето со лимонтус, повторете го еднаш во неколку месеци, и вашата машина за перење алишта ќе работи со години без проблем.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations