Ѓаволскиот базен на водопадите Викторија
Прегледано: 32123 | Oбјавено на: 22.08.2013
Прво што ќе праша секој е зошто овој базен се нарекува ѓаволски. Се ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека овој базен се наоѓа на водопадите Викторија во Зимбабве.

Станува збор за природна карпа од која е создаден базен на врвот од самите водопади во Зимбабве, на височина од околу 100 метри.

Туристите кои сакаат единствено искуство и адреналин во крвта оваа можност не ја пропуштаат. Капењето во овој базен е дозволено во периодот од септември до октомври, кога и нивото на водата во реката Замбези е најнизок. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations