Виршли
Прегледано: 17150 | Oбјавено на: 12.07.2013
  • Виршли

     Две студентки за вечера решиле да пржат виршли. Едната студентка ги земала виршлите и почнала да им отсекува по едно парченце од краевите и да ги става во тавчето.  
 Две студентки за вечера решиле да пржат виршли. Едната студентка ги земала виршлите и почнала да им отсекува по едно парченце од краевите и да ги става во тавчето.

Другата зачудено ја прашала: - Зошто им ги сечеш краевите?

- Не знам, ама мајка ми секогаш така ги прави.

За викенд девојката си отишла дома и ја прашува мајка си:

- Мамо, зошто секогаш ги отсекуваш краевите кога правиш виршли?

- Не знам, баба ти секогаш така ги прави...

Девојката се јавува кај баба за да ја праша.

- Не знам точно, семејна традиција е. Мајка ми секогаш така ги правеше.

Девојката отишла да ја посети својата прабаба во дом и конечно да ја открие оваа кулинарска тајна.

- Бабо, зошто на виршлите пред печење им се отсекуваат краевите?

- Аман, уште ли немате купено поголема тава?!

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations