ВИРТУЕЛЕН БРОД ЗАПЛОВИ ВО МИНХЕН
Прегледано: 2488 | Oбјавено на: 25.06.2013
  • ВИРТУЕЛЕН БРОД ЗАПЛОВИ ВО МИНХЕН

     "Бродот кој никогаш не поминал" е името на изложбата – звучна инсталација на македонскиот мултимедијалниот уметник Александар Спасоски, која во соработка со градот Минхен и ку...
"Бродот кој никогаш не поминал" е името на изложбата – звучна инсталација на македонскиот мултимедијалниот уметник Александар Спасоски, која во соработка со градот Минхен и културниот реферат и под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, беше отворена викендов во Минхен. Звучната инсталација - инсцениран звук на крузер хорна од брод, беше поставена на мостот Вителсбахер кај реката Исар во Минхен. "Бродот кој никогаш не поминал" во Минхен е продолжение на минатогодишниот проект кој беше изложен во Скопје во Јуни 2012, под кураторство на Бојана Јанева Шемова - Скопски Урбани приказни. Авторот Спасески на специфичен начин сака да создаде имагинација односно преку звукот да визуализира брод кој поминува низ таа локација. Овој проект има за цел да ја медитеранизира локацијата и според концептот на авторот да овозможи одредена ментална дразба и интервенција во јавен простор. „Целта на овој проект е да продолжи да живее низ сите европски градови кои немаат пловен сообраќај, и да стане на еден начин патувачки проект а не да се закотви само во Скопје“, вели Спасески. За делото на Спасоски, историчарот на уметноста Проф. Н. Вилиќ во својата рецензија Закотвени на суво вели “Спасоски успеал да ги состави и постави во возвишувачки сооднос основните елементи на секое големо уметничко дело: едноставниот јазик кој преку говорот создава сложена и слоевита реторика. За минатогодишната изложба на овој ист проект тој вели: делото „Бродот што никогаш не поминал“ на Александар Спасоски буквално ме натера: 1.) да се навратам уште еднаш на Камен мост и 2.) да седнам на скалите на кејот на Вардар и да не можам да си заминам, да не можам (а и да не сакам) да си заминам. Меѓутоа, најважното нешто беше (во што е и поентата во овој статус): 3.) чувствувањето и доживувањето поттикнаа анализа и толкување, зафаќајќи во дискурзивноста на делото. Кратко видео од изложбата:



Александар Спасоски веќе 15 години живее и создава на релација Германија – Македонија. Инаку препознатлив по мултимедијалноста се истакнува во сверата на видео и филм, музика, концептуална уметност и сликарство. Од 2009 беше и внесен во антологијата на најуспешните видео автори од источна европа која беше публицирана под наслов Трансидланд од Лудвиг музејот во Будимпешта и Берлин.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations