ДЛУМ СО НОВА ИЗЛОЖБА ВО РАМКИ НА СКОПСКО ЛЕТО
Прегледано: 4108 | Oбјавено на: 02.07.2015
Во организација на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ) и манифестацијата „Скопско лето“, на 03.07.2015 година (петок), во просториите на Културно Информативниот Центар (КИЦ), со почеток во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Фемина 8“. На изложбата со свои уметнички записи ќе се претстават: Трујкановиќ, Паскали, Кировска, Вренцовска, Милованчев, Томиќ Радеска, Петрушевска и Манева – Чупоска.
Приклучувајќи се кон современите уметнички тенденции, „Фемина 8“ е насочена кон различните форми на презентација: традиционални поставки со слики, колажи, цртежи, асемблажи, инсталации, редимејд, видеа. Преку уметничките продукции во различни форми и идентитети, од класично - традиционалните ликовни истражувања до новите медиуми и технологии, ќе биде прикажана една „Фемина“, со иманентна променливост низ различни временски периоди и контексти.
„Ликовните искуствени и уметникови записи во оваа изложба се екстремно емотивни и сугерираат дефинирани лични одговори, прашања, состојби, дилеми, но сугерираат и поставени одговори и прашања кои наметнуваат нови состојби, дилеми и чувства. Начинот на кој се дефинираат самите себе, авторите на оваа изложба, упатува на автореферентност, сопствено уметничко делување, наметнувајќи суштински прашања и одговори, поврзани со „Фемина“. Проблематизирајќи не само на формално, туку и на ликовно-феноменолошко-онтолошко ниво, тие создадоа нови простори со различен, специфичен израз и идентиет. Уметникот како творец на артифициелното го „запечатува“ своето авторство, но само ако тоа е „убедливо“ во своето постоење. Изложбата „Фемина 8“ има високо артифициелна содржина која креира ликовно-уметнички печат со „убедлива“ временска рамка и простор.“ – изјави М-р Јана Манева – Чупоска, куратор на изложбата.
Сите заинтересирани посетители ќе може да ја погледнат изложбата „Фемина 8“ во просториите на Културно Информативниот Центар од 03.06.2015.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations