ДЛУМ СО НОВА ИЗЛОЖБА ВО РАМКИ НА СКОПСКО ЛЕТО
Прегледано: 3103 | Oбјавено на: 02.07.2015
Во организација на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ) и манифестацијата „Скопско лето“, на 03.07.2015 година (петок), во просториите на Културно Информативниот Центар (КИЦ), со почеток во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Фемина 8“. На изложбата со свои уметнички записи ќе се претстават: Трујкановиќ, Паскали, Кировска, Вренцовска, Милованчев, Томиќ Радеска, Петрушевска и Манева – Чупоска.
Приклучувајќи се кон современите уметнички тенденции, „Фемина 8“ е насочена кон различните форми на презентација: традиционални поставки со слики, колажи, цртежи, асемблажи, инсталации, редимејд, видеа. Преку уметничките продукции во различни форми и идентитети, од класично - традиционалните ликовни истражувања до новите медиуми и технологии, ќе биде прикажана една „Фемина“, со иманентна променливост низ различни временски периоди и контексти.
„Ликовните искуствени и уметникови записи во оваа изложба се екстремно емотивни и сугерираат дефинирани лични одговори, прашања, состојби, дилеми, но сугерираат и поставени одговори и прашања кои наметнуваат нови состојби, дилеми и чувства. Начинот на кој се дефинираат самите себе, авторите на оваа изложба, упатува на автореферентност, сопствено уметничко делување, наметнувајќи суштински прашања и одговори, поврзани со „Фемина“. Проблематизирајќи не само на формално, туку и на ликовно-феноменолошко-онтолошко ниво, тие создадоа нови простори со различен, специфичен израз и идентиет. Уметникот како творец на артифициелното го „запечатува“ своето авторство, но само ако тоа е „убедливо“ во своето постоење. Изложбата „Фемина 8“ има високо артифициелна содржина која креира ликовно-уметнички печат со „убедлива“ временска рамка и простор.“ – изјави М-р Јана Манева – Чупоска, куратор на изложбата.
Сите заинтересирани посетители ќе може да ја погледнат изложбата „Фемина 8“ во просториите на Културно Информативниот Центар од 03.06.2015.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Интервју со Стефан Ристевски. Млад научник за чии пронајдоци ќе читате во иднина
Aко успееме да направиме вештачка интелигенција која ќе биде во можност да чувствува, тогаш би започнале нашите проблеми.
Рептил ја негува традицијата на здравата и вкусна македонска храна
 Умешноста и истрајноста да ја зачуваме традиционалната рецепта во кујната и упорноста да ги сознаеме и готварските вештини онака како и нашите баби ги совладувале во младоста, несвесно креираа и отпор кон современите токови, кои значајно ги сменија навиките и ја воведоа процесираната храна. 
Движете се сигурно и спокојно со Сојузот на возачи на Македонија
Секој кој е на чекор пред избор на која компанија ќе ја даде довербата да го сервисира и врши технички преглед на возилото треба да се раководи од принципот на професионална услуга, но и традицијата на успех која ја има компанијата со која соработува.
Дуна инвестира во нов административен, развоен и логистички центар
Нашиот бизнис сегмент ги надрасна границите на Македонија и успешно услужуваме клиенти и во Србија и во Албанија“, вели Александар Пајковски од Дуна.





Facebook
Reccomendations