Мисијата, која ја нарекол „Mission for America“, тој планирал среќниот пар да помине 501 ден или 16 месеци во капсула со големина од 180 кубни метри.
Полетувањето е закажано за 5 јануари 2018 година. Патувањето е предвидено да биде едноставно и без многу возбудувања. Главната цел за брачниот пар би била да стигнат до 160 km оддалеченост од црвената планета.
Терминот за полетување е одбран да биде во период кога Марс е најблиску до Земјата. Денис Тито вели дека неговата фондација „Inspiration Mars“ ќе ги обезбедат почетните средства за старт на проектот, а остатокот да биде покриен преку донации и спонзорства.
Патувањето исто така ќе послужи како пример за тоа колку долго луѓето можат да издржат во мал простор во вселената, но и еден вид тестирање за влијанието на сончевите зраци врз нив за време на истото.
Лајонс и лео членовите на клубовите од Дистрикт 132, за прв пат, го одбележаа Националниот Лајонс Ден во Македонија.