Се бара брачен пар за патување до Марс
Прегледано: 2950 | Oбјавено на: 04.03.2013
 Првиот вселенски турист Денис Тито изјави дека во наредните 5 години сака да потроши 700 милиони долари за праќање еден брачен пар до Марс и назад.

Мисијата, која ја нарекол „Mission for America“, тој планирал среќниот пар да помине 501 ден или 16 месеци во капсула со големина од 180 кубни метри.

Полетувањето е закажано за 5 јануари 2018 година. Патувањето е предвидено да биде едноставно и без многу возбудувања. Главната цел за брачниот пар би била да стигнат до 160 km оддалеченост од црвената планета.

Терминот за полетување е одбран да биде во период кога Марс е најблиску до Земјата. Денис Тито вели дека неговата фондација „Inspiration Mars“ ќе ги обезбедат почетните средства за старт на проектот, а остатокот да биде покриен преку донации и спонзорства.

 

Патувањето исто така ќе послужи како пример за тоа колку долго луѓето можат да издржат во мал простор во вселената, но и еден вид тестирање за влијанието на сончевите зраци врз нив за време на истото.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations