Џонсон Мети со поддршка на училиштето „д-р Златан Сремец“
Прегледано: 371 | Oбјавено на: 16.08.2021
 

Џонсон Мети со поддршка на училиштето „д-р Златан Сремец“

 

Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремац“ од Скопје и компанијата Џонсон Мети ја продолжуваат заедничката соработка преку проект за изградба на инклузивно игралиште во училишниот двор. Како дел од активностите за поддршка на заедницата и подобрување на инклузијата, Џонсон Мети ќе обезбеди финансиска поддршка на проектот во износ од 5000 фунти (околу 6.000 евра). Реализацијата на овој проект претставува подобрување на условите за  поттикнување на когнитивниот, моторниот, социоемоционаниот и сензорниот развој на учениците во училиштето, како и промоција на здрав и активен начин на живот.

 

За директорката на училиштето „д-р Златан Сремeц“, Марија Делетиќ, заедничката соработка со Џонсон Мети, преку волонтерските активности на вработените, веќе е докажана успешна приказна и со овој нов проект само се продлабочува партнерството кое придонесува за разубавување на надворешниот простор на училиштето и овозможува полесен пристап до квалитетно образование и удобен престој на учениците.

 

„Благодарни сме на вработените од општествено одговорната компанија Џонсон Мети, која е пример за активно учество во заедницата, емпатија и поддршка на учениците со попреченост од нашето училиште. Со реализација на овој проект, „д-р Златан Сремец“ ќе биде единствено училиште од ваков тип во кое ќе функционира инклузивно игралиште а ќе биде на располагање на сите ученици кои ќе го посетуваат училиштето. Инклузивното игралиште е место каде што децата може да ги практикуваат своите сензорни и когнитивни вештини надвор од училницата, што  придонесува кон подигнување на квалитетот на услугите кои училиштето ги нуди на пошироката заедница. Со нетрпение го очекуваме почетокот на овој проект и волонтерите од Џонсон Мети кои секогаш безрезервно го вложуваат своето време и енергија за да обезбедат оптимални услови и нови можности за безбеден развој и едукација“, вели Делетиќ.

 

Проектот за изградба на инклузивно игралиште е добитник на престижната интерна награда за општествено одговорни меѓународни проекти во Џонсон Мети.

 

„Проектот за интерактивно инклузивно игралиште претставува продолжување на соработката со училиштето. Многу сме среќни и горди што победивме меѓу многу други проекти поднесени во нашата компанија Џонсон Мети на ниво на свет. Со овие 5.000 фунти целосно ќе го реализираме проектот, кој произлезе како резултат на претходни активности во ова училиште“, вели Емилија Робановска, одговорна за општествено одговорни проекти во Џонсон Мети.

 

Претходно, во септември 2020 година, волонтери – вработени во Џонсон Мети го разубавија дворот на училиштето со интерактивен полигон кои создаваат забавна и едукативна содржина за децата. Во последниот месец минатата година, по повод Светскиот ден на волонтерите – Одделот за одржување на Џонсон Мети изработи три сензорни табли, кои исто така ги донираше на училиштето „д-р Златан Сремeц“.

 

Робановска, на крајот, додава декаволонтеризмот на Џонсон Мети Северна Македонија е акцелератор на промените што ја нагласува важноста на вклучувањето и зборовите ги претвора во акции. Воодушевени сме од она што го постигнавме преку нашите волонтерски напори“.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations