Интервју со Мери Мирческa, ултрамаратонец
Прегледано: 1008 | Oбјавено на: 19.08.2019
  • Интервју со Мери Мирческa, ултрамаратонец

    Пред околу 3,5 години сосема случајно истрчав полумаратон без никакви припреми ниту пак потешкотии. Едно ново случајно познанство таму ја смени брзината на планинарењето која до тогаш ја практикува...


Трчањето е нешто што многумина редовно го практикуваат, но Мери Мирческа трчањето го подигна на едно ново ниво. Во неколку години успеа да ги освои сите позначајни Ултра Тrail трки не само во Македонија туку и на балканот. Толку многу признанија и награди а ретко кога се појавува во медиум за да каже нешто за тоа.

Кога започна целата приказна со трчањето? Кога обичното рекреативно трчање од 5км за тебе стана нешто што ни оддалеку не е доволно за да го почувствуваш ендорфинот во твојот крвоток?

Мирческа:

Пред околу 3,5 години сосема случајно истрчав полумаратон без никакви припреми ниту пак потешкотии. Едно ново случајно познанство таму ја смени брзината на планинарењето која до тогаш ја практикував. Од страсен планинар, станав планински тркач.

Секој спорт, посебно индивидуалните бараат многу голема дисциплинираност и мотивираност. Што е она што те мотивира да се разбудиш далеку порано од сите, да истрчаш во едно утро повеќе отколку што вообичаениот човек пешачи во еден месец?

Мирческа:
Токму тоа- дисциплираноста. Ја сум многу посветена и дисциплинирана личност. Кога нешто правам, превземам, го правам целосно и дисциплинирано. Мотив за да станам на сред ноќ, многупати и да тргнам на тренинг е огромната љубов и почит кон природата, планините. Таа радост и енергија што ти ја дава престојот во планина е незаменлива со ниедна друга. Јас сум зависник од неа. Јас и се восхитувам на планината.

Секој трка е своја приказна вредна за споделување. Дали воопшто водиш евиденција на колку трки си учествувала и колку тоа би изнесувало во истрчани километри?

Мирческа:

До сега немам пресметано вкупна километража на само трки на годишно ниво. Вкупната должина на тренинзи и трки и висинско искачување изминатава година за мене изнесува нешто над 3000 км со 160 000 м висинско искачување, односно, 540 часа поминати на трениг/трка и вкупно 270 активности(тренинзи/трки)

Има некоја метафора во процесот на трчањето, започнувањето на трките, финишот и размислувањето кога ќе биде следниот старт. Подобрувањето на ставот кон себе и трката, секое следно трчање е нешто што го разбираат само оние кои бараат повеќе од себе отколку од другите. Што според тебе се карактеристиките на сите големи маратонци, ултрамаратонци?

Мирческа:

Посветеноста, издржливиста, разумноста, рационалноста, позитивната енергија. Нajмногу од се е скромноста и благодарноста. Најдобрите светски тркачи се толку скромни и едноставни, што од срце им се восхитувам. Една многу тешка ситуација е да се научи да се поднесува неуспех во смисла на нефиниширање на трката поради болест или моментлна слабост или исцрпеност на организмот. Тоа е многу тешка ситуација, но секој се најдува понекогаш во неа. Од друга срана пак, преголем постигнат успех на трка не смее да те понесе дека си ти најдобар, бидејќи- не си. Доволно е да си само благодарен за постигнатиот резултат.

За одредени хобија/спортови неопходна е соодветна опрема, психофизичка подготовка. За одредени работи е неопходна само желба да се занимаваш со истото. За да се започне со трчање, што е неопходно знаење и неопходна опрема? Што би ги советувала сите оние кои сакаат да се занимаваат со ultra-trail трчање.

Мирческа:

Неопходна опрема се патиките, шорц и маичка, ветроотпорен шушкавец , водоотпорен шушкавец, ранец за трцање, специјален часовник за евиденција на тренинзите и gps локатор. Од друга страна неопходна е самоавтономност на личноста, координација во просторот, љубител на природата, храброст и трезвеност. Знаење е неопходно во однос на координација и интензитет на тренинзите, како и во секој спорт. Осознавање на планините на кои се тренира.

Кога трчаме најчесто борбата е поголема во нас и со нас самите отколку со конкуренцијата. Моментите кога физички го трошите последниот атом од вашата енергија знаат да доведат до нетипични емоционални состојби. Што се прашањата што си ги поставуваш додека трчаш?

Мирческа:

Да, има такви моменти и чудно ми е како ги надминувам. Не може да се опише со зборови тој момент на трошење на последните атоми сила. Тогаш телото и психата  навлегуваат во друга димензија. Тешко е справувањето во таа ситуација.

Џон Бингам вели дека поминувањето на стартната линија е чин на храброст, но поминувањето на финиш линијата е чин на верба. Колку се согласуваш со ова? Колку според тебе е пресудна физичката односно психичката подготовка, посебно за ектремнно долгите трки?

Мирческа:

Тоа е неопходно, психофизичката подготвеност. Решителност. Понекогаш се плаче од радост, не само за себе, туку кога и другите тркачи финишираат. Ми поминаа морници кога за прв пат во живо го видов финиширањето, а воедно и победникот на ноќна трка, како од далечината се приближува до финишот, единствено препознавајќи го по ламбичката на главата. Како звезда ми заличи. Само ламбичка која доаѓа од темнината на планината. Замислете која храброст е да се најдеш сам во непозната планина во непозната земја во ноќта, да останеш присебен и да финишираш успешно.

Дел од ultra-trail маратоните траат со часови. Доволно време да се случат многу убави но и непријатни работи. Што би можела да издвоиш како твор најпријатно и најнепријатно искуство во досегашното трчање?

Мирческа:

Најпријатни искуства имам повеќе, многу. Но, најнепријатно чувство ми беше кога појдов болна на една трка и се стегав до 28 ми от километар и не можев повеќе да издржам и прв пат во животот откажав. Свесна бев дека не ни треба да стартувам на трката, но тоа беше посилно од мене. Со часови не можев да се соземам од плачење и жал. Реално, од  гледна точка на обичен човек звучи смешно да плачеш за тоа, но само посветен спортист може да ме свати зошто. Друго непријатно чувство е кога доживеав топлотен удар на трка и 1,5 км до финишот застанав да повраќам и во тие 20 тина минути ме надминаа втората и третата натпреварувачка. Хахаха, сега ми е смешно само да си ја замислам фацата што сум ја имала во тој момент.

Како изгледа еден вообичаен тренинг, вообичаен оброк и распоред за викенд активности за Мери Мирческа?

Мирческа:

За мене нема викенд или не викенд активности, со оглед дека јас работам секој викенд. Тренинзите ги прилагодувам според моето работно време и едниот слободен ден во неделата. Во однос на оброците и не сум некој голем јадач. Најмногу огладнувам и јадам и пијам на работа. Ги хармонизирам работата и спортот.

Поддршка. Дали е битна и од кого најчесто ја добиваш?

Мирческа:

Поддршка не да е битна, туку е неопходна. Не е можно без поддршка и разбирање и тоа од работната организација, од фамилијата и од тренинг партнерот/ите. Исто така многу е битна поддршка од општеството. Поддршката е правопропорционална со успехот. Повеќе поддршка, поголем успех. Ја чувствувам огромна, безрезервна благодарност на моите поддржувачи.

Интервјуто го подготви: Дражен Котески

Фотографии: Мери Мирческа
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations