32-РО ИЗДАНИЕ НА ДЛУМ ГРАФИКА
Прегледано: 2646 | Oбјавено на: 26.05.2015

На 26.05.2015 година (вторник) во просториите на Галерија КО-РА (Дом на Култура “Кочо Рацин“ – Скопје, Дом на Градежници), со почеток во 20:00 часот ќе биде отворено 32-тото издание на изложбата „ДЛУМ Графикапроект на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ), изложба која има за цел промовирање на графичката ликовна сцена во Македонија. На изложбата со свои дела ќе се претстават македонски графичари, членови на ДЛУМ.

Покрај традиционалната награда за најдобро ликовно графичко остварување, ДЛУМ за прв пат оваа година ќе додели и награда за најдобар млад автор - графичар. Двајцата победници ќе добијат парична награда, а најдоброто ликовно графичко остварување ќе биде наградено во форма на организирање самостојна изложба од страна на ДЛУМ.

 

Традиционалните техники на високиот и длабокиот печат, како и денес зголемената и честа употреба на дигиталното печатење ја прават оваа манифестација значајна за ликовната култура во Македонија. Еднакво на сите досегашни изложби и 32-то издание изобилува со современи размислувања, кои, пренесени на графички лист го носат печатот на времето.

Овогодинешното издание „ДЛУМ Графика“ е прва изложба која е реализирана од новото Управно тело на ДЛУМ. „ДЛУМ работи интензивно на развојот и динамизирањето на активностите зацртани во програмата за работа. Изложбата на графичари ја поставуваме и оваа година – традиционално, со идеја истата да ја преточиме во меѓународно издание од идната година.“ – изјави Христијан Санев, Претседател на ДЛУМ.

За сите заинтересирани посетители 32-рото издание на изложбата „ДЛУМ Графика“ ќе биде отворено од 26.05 до 08.06.2015 година, во просториите на Галерија КО-РА, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во сите графички техники.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Интервју со Стефан Ристевски. Млад научник за чии пронајдоци ќе читате во иднина
Aко успееме да направиме вештачка интелигенција која ќе биде во можност да чувствува, тогаш би започнале нашите проблеми.
Рептил ја негува традицијата на здравата и вкусна македонска храна
 Умешноста и истрајноста да ја зачуваме традиционалната рецепта во кујната и упорноста да ги сознаеме и готварските вештини онака како и нашите баби ги совладувале во младоста, несвесно креираа и отпор кон современите токови, кои значајно ги сменија навиките и ја воведоа процесираната храна. 
Движете се сигурно и спокојно со Сојузот на возачи на Македонија
Секој кој е на чекор пред избор на која компанија ќе ја даде довербата да го сервисира и врши технички преглед на возилото треба да се раководи од принципот на професионална услуга, но и традицијата на успех која ја има компанијата со која соработува.
Дуна инвестира во нов административен, развоен и логистички центар
Нашиот бизнис сегмент ги надрасна границите на Македонија и успешно услужуваме клиенти и во Србија и во Албанија“, вели Александар Пајковски од Дуна.





Facebook
Reccomendations