Поевтино и порелаксирано пазарење со клуб картичката на Рептил
Прегледано: 1645 | Oбјавено на: 14.08.2019
Над 20.000 потрошувачи во Скопје, корисници на клуб картичките за лојалност на Рептил маркети, секојдневно штедат додека пазарат во супермаркетите. Програмата за лојални потрошувачи на Рептил овозможува, во секое време, потрошувачот да искористи до 10% попуст на над 500 производи. Овие погодности овозможуваат релаксирано пазарење додека се одбира од огромниот избор производи со конкурентни и разумни цени во вкупно 15 супермаркети, што во изминатите 23 години, се отворени во Скопје.

„За нас Клуб Рептил е семејство од над 20.000 потрошувачи кои секојдневно ја доверуваат обврската да им обезбедиме квалитетни производи, но и да им понудиме едно, според нас,  поинакво искуство за македонскиот пазар каде заштедата, односно попустот го добиваат веднаш на касата. Не ги оптоваруваме со поени и пресметки колку ќе заштедат со конкретен производ, туку нудиме богат избор на намалени цени на производи, пришто заштедата ја гледаат директно на фискалната сметка“, објаснува Божидар Димовски од Рептил маркети.

Листата со производи кои се на попуст за семејството потрошувачи Клуб Рептил, отприлика, се менува на секој месец и половина, обидувајќи се притоа со понудата да се излезе во пресрет на очекувањата на потрошувачите.

Синџирот скопски маркети се стреми да биде место каде секој потрошувач ќе ја добие најдобрата услуга во градот. Место кое ќе потсетува на некогашните маалски маркети, каде пазарењето прераснуваше во дружење, а вработените ги знаеја повеќето пазарни навики на соседите - потрошувачи. Место каде покрај големите неделни пазарења, дедото во секое време ќе наврати да купи некое слатко за внучето, а тато на враќање од работа ќе застане како во маалска фурна да купи свежо печен леб. Каде потрошувачот во секое време ќе биде пречекан и испратен со насмевка.

Во Рептил маркети велат дека пазарењето треба да биде релаксација по напорниот ден и затоа, нудат топла и искрена услуга за секој потрошувач што ќе влезе во маркетот.

„Нашите вработени ја обезбедуваат најдобрата услуга за секој наш потрошувач, а наша препорака до сите е да ги користат поволностите кои ги нудиме со клуб картичката. На сите клуб производи, се истакнати и клуб цените со попуст. Целосната понуда со намалени цени е достапна и во Клуб Рептил каталогот кој може да го најдете во маркетите, а најновото издание може да го погледнете и онлајн на www.reptilmarketi.mk, вели Димовски.

Потрошувачите не треба да се ограничуваат да ја користат картичката за попусти само кога купуваат производи на акција. Користењето на картичката во секојдневното пазарење носи и други поволности, односно како што вели Димовски „во партнерство со добавувачите, ја наградуваме лојалноста на потрошувачите со бројни награди и изненадувања за членовите на Клуб Рептил семејството кои најредовно пазарат во Рептил маркети и ја користат својата клуб картичка“.

Нашата прошетка низ понудата на Рептил маркетите ја заокружуваме со заклучокот дека клуб ознаката на рафтовите е истакната токму кај оние производи кои се најпотребни за целото семејство. Рептил е место каде навистина пазарите со срце и задоволство.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations