Мајкрософт недела на Јавниот сектор „Вистинско влијание за подобро владеење”
Прегледано: 2954 | Oбјавено на: 19.11.2014
Скопје, 17 ноември, 2014 – На 18‐ти и 19‐ти ноември во Скопје, во Музејот на револуционерната борба
со почеток во 10:00 часот, Мајкрософт Македонија по втор пат ја организира „Недела на јавниот сектор“ во која ќе бидат организирани неколку работни средби и тркалезни маси. Настанот се организира во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација. 

Г-дин Џо Макри (Mr. Joe Macri), Потпретседател на Мајкрософт ЕМЕА за Јавниот сектор
“Мило ми е што гледам дека Институциите во владата на Република Македонија прават значаен
прогрес во имплементацијата на модерните ИТ решенија и ги поддржуваат најновите технологии
за подобрување на ефикасноста, транспарентноста и нивото на услугата за бизнисите и
граѓаните. Од средбата што ја имав со Министерот, Г‐дин Иво Ивановски, разбрав дека
Министерството за информатичко општество и администрација ја има главната улога во
реализирањето и имплементирањето на овие решенија. Би сакал да ја искористам оваа прилика да
се заблагодарам на мојот домаќин, Министерот Ивановски, за поддршката на овој настан. Во оваа
прилика, ја искористивме и можноста за заедничка средба со Потпретседателот на владата на
Р.М. Г‐дин Зоран Ставрески каде со Министерот Ивановски ја изразивме нашата посветеност на
постојаното работење заедно со владините експерти на создавање решенија и покренување
иницијативи кои се тесно поврзани со клучните владини приоритети, особено во областите на
трансформација на образованието, вработеноста, поттикнувањето на претприемништвото,
дигитална писменост и иновација.
Како дел од Microsoft Local Software Economy Initiative, Мајкрософт и понуди на владата на Република
Македонија меморандум за разбирање, преку кој ќе се воспостави партнерство за заедничка
имплементација на Microsoft YouthSpark програмата која претставува помош за младите
невработени лица да може да стекнат вештини потребни за поголеми можности за вработување
или да започнат сопствен бизнис.“

Г‐дин Стефан Плавјански, Генерален Директор на Мајкрософт Македонија:
“Мајкрософт беше меѓу првите големи глобални корпорации кои го препознаа потенцијалот на
Република Македонија и можностите за инвестиции. Во овој период кога одбележуваме 10 години
директно присуство во Македонија, можам со задоволство да констатирам дека нашиот локален
тим поддржан од релевантните тимови во корпорацијата реализираше бројни проекти и
активности, со кои помогна во развојот на информатичкото општество во Македонија. Преку
воведување на модерни решенија, развиени од локалните партнери, Мајкрософт го поддржуваше
развојот на локалната ИТ индустрија и ги помагаше нејзините здруженија. Направивме значајни
инвестиции во образовниот систем, при што, преку програмата Партнери во учењето, се обучија
илјадници наставници, се ставија на располагање бројни алатки и се освоија вредни награди на
светски натпревари. Мајкрософт оствари извонредна соработка и со најдобрите високо образовни
институции и ги стави достапни своите курикулуми и развојни алатки на студентите. Бројни
старт‐ап компании во ИТ секторот ги уживаат придобивките од бесплатните програми на
Мајкрософт за поддршка на младите иновативни претприемачи. Организацијата на настанот
“Вистинско влијание за подобро владеење“ и посетата на толку висок претставник од
корпорацијата само ги потврдуваат нашите заложби за долгорочно и постојано доближување на
современите технологии и решенија до владините институции, до бизнисите, до академската
заедница и до граѓаните на Македонија. Оваа прилика и присуството на гостинот, Г‐дин Џо Макри,
ја искористивме да организираме средби со Потпретседателот на владата на Македонија, Г‐дин
Зоран Ставрески и Министрите Г‐дин Иво Ивановски и Г‐дин Диме Спасов и да понудиме
партнерство во адресирање на некои Владини приоритети, со фокус на поддршка на младите луѓе
да стекнат знаења и вештини кои се бараат од страна на новите работодавачи или да создадат
свои мали бизниси, а со цел да се намали невработеноста.“

Посетата на Џо Макри и планираните активности за време на „Неделата на јавниот сектор“ ќе послужат за зајакнување на партнерството помеѓу Владата на Македонија и Мајкрософт, адресирајќи некои од приоритетите на земјата со фокус на зголемување на можностите на младите луѓе за вработување и започнување на сопствен бизнис. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations