Како делува менувањето на годишните времиња кај луѓето?
Прегледано: 2381 | Oбјавено на: 31.10.2013
Постојат докази дека годишните времиња влијаат на голем број на самоубиства, на бројот на родени деца и на многу други животно ситуации. Меѓутоа, на тие работи не влијае само промената на температурата, туку и многу други фактори.

Најсилно влијание на однесувањето на човекот има есента. Таа предизвикува сезонска депресија. Жртвите на сезонската депресија почнуваат да чувствуваат потиштеност кон крајот на есента, а таа трае се до почетокот на пролетта.

Научниците кажуваат дека луѓето имаат некој внатрешен часовник кој е одговорен за квалитетот на сонот и за останатите дневни функции. Светлината кај луѓето предизвикува некои незабележителни реакции како што се собирањето на зениците, будењето, како и фрекфенциите на срцето. Приматели на светлината се мрежниците на очите, кои во зима и есен апсорбираат помалку светлина и тоа остава белег во биолошкиот часовник кај луѓето во тој период од годината. Утринската светлина го ресетира нашиот часовник секое утро, па така тој е во синхронизација со вистинското време. Луѓето кои имаат бавен биолошки часовник, секогаш имаат многу повеќе проблеми со оние денови кога е темно и облачно, без сонце и сончеви периоди.

Од ова можеме да заклучиме дека сепак можеме навреме да ја победиме сезонската депресија. Доволно е да се обезбедиме со повеќе утринска светлина, како би можеле да бидеме многу порасположени во зимата и есента.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations