Самсунг (Samsung) го открива на саемот IFA 2013 во Берлин новиот свет на можности
Прегледано: 2330 | Oбјавено на: 12.09.2013
Берлин/Скопје, 12. Септември 2013 – Компанијата Samsung Electronics на саемот IFA 2013 ја претстави својата европска визија за пазарот на електронски уреди за широка потрошувачка со прикажување на најновите достигнувања во областа на „паметни“ телевизори, кујнски апарати и печатачи. Самсунг (Samsung) покажа дека деталното разледување на желбите на потрошувачите им помага на нивните дизајнери и инженери во развојот на производите и услугите кои ги предвидуваат и поставуваат новите трендови на пазарот.

„Една од тајните на нашиот успех е тоа дека ние не го штедиме трудот во процесот на разбирање како луѓето ја користат технологијата. Овие сознанија потоа се користи за сето она што го создаваме. Така доаѓаме до производи и услуги кои го прават животот дома многу полесен и среќен” – изјави БК Јун (BK Jun), Претседател и извршен директор на Samsung Electronics.

Самсунг (Samsung), еден од светските лидери во областа на иновацијата на дигитални апарати, ја презентираше својата европска визија на посебно дизајниран ексклузивен изложбен простор во Берлин на саемот IFA 2013 – „Премиум куќа“. Премиум куќата претставува дом од 272 m2 во кој посетителите имаа можност да го доживеат врвното домашно опкружување со потполно функционална кујна, дневен простор и просторија за перење - дизајнирани и уредени во тесна соработка со водечките производители на дизајниран мебел B&B Италија и Arclinea. Во “Премиум куќата” на Самсунг (Samsung) беа прикажани најновите апарати за домаќинство од Самсунг (Samsung), а посетителите имаа можност да ги испробаат напредните функции и да се уверат во врвниот дизајн на уредите наменети за домаќинствата.

„Самсунг (Samsung) промовира три главни принципи”, додаде БК Јун (BK Jun). “Луѓе, иновација и општество. Во текот на изминатата година, Самсунг (Samsung) отвори пет лаборатории ширум светот за истражување за начинот на живот, со цел да се забележи што потрошувачите сакаат и што им е потребно. Овие лаборатории се дел од нашата истражувачка мрежа која вклучува уште 33 локации на кои спроведуваме истражување и развој, како и шест дизајнерски центри. Се на се, повеќе од четвртина од вработените во Самсунг (Samsung) работат на иновација на производите.”

Самсунг (Samsung) има долга историја во Европа и има активна улога во овој регион, преку обучување и инспирација на следните генерации на технолошки лидери. Во Холандија, Самсунг (Samsung) обучува учители како да ја интегрираат технологијата во дигиталните училници, додека во Полска студентите ја учат вештината на програмирањето. Овие иницијативи се простираат и до Франција и Велика Британија, каде Самсунг (Samsung) ги поддржува децата од маргинализираните социјални групи. Овие се само некои од примерите на посветеноста на Самсунг (Samsung) кон подобрувањето на знаењето во областа на дигиталната технологија и напорите за намалување на невработеноста кај младите.

Системите за домашна забава достигнуваат нови нивоа
Самсунг (Samsung) е веќе девет години на водечкото место на европскиот пазар за телевизори, место кое го стекнал преку своите пионерски иновации во LED и Плазма технологиите, кои можат да ги прикажат најинтензивните бои, најдлабоките црни нијанси и најчиста слика. Сега Самсунг (Samsung) лансира нова ера во иновациите на ТВ уредите преку својот храбар пристап во ултра високата дефиниција (UHD, Ultra High Definition) и OLED технологијата која е дизајнирана да донесе врвно искуство за гледачите.

Минатата година, Самсунг (Samsung) продавал два телевизори во секоја секунда ширум светот, додека во Европа нивниот пазарен удел бил 41 процент. За да го воспостави и утврди своето водечко место во Европа, Самсунг (Samsung) спроведе анкета помеѓу 18.000 луѓе во 18 земји, се со цел подобро разбирање на тоа што тие навистина сакаат од нивните телевизори. Резултатите од приоритетите на потрошувачите се извонреден квалитет на сликата, поголем екран и интуитивна употреба.

Серијата на телевизори UHDF9000
Самсунг (Samsung) UHDF9000 ги исполнува сите три желби на потрошувачите овозможувајќи им неспоредливо искуство во гледањето телевизија, искуство создадено со чиста иновација. Со повеќе од осум милиони пиксели и резолуција која е четири пати поголема од онаа кај Full HD моделите, UHD F9000 претставува револуција во резолуцијата, која овозможува прецизно дефинирање и на најситниот визуелен детал да биде јасен и неверојатно живописен.
TВ со свиткан/закривен OLED екран
Телевизорот на Самсунг (Samsung) со закривен OLED екран од 55 инчи поместува уште една граница во иновациите во технологијата на домашните забави, носејќи до сега невидена промена во квалитетот на сликата и дизајнот. Закривената рамка, инспирирана од концептот на „вонвременска арена“ е совршена основа за живописно реалистичните бои на OLED. Секој пиксел се осветлува и прикажува на сликата со апсолутно црни нијанси, контраст кој никогаш не е виден на конвенционалните телевизори.

Апарати/уреди за домакинство за посреќен дом
Во текот на 2013 година, уделот на Samsung на пазарот на апарати за домаќинство се зголемил за 14 проценти, што го прави еден од најбрзо растечките брендови на светот. Во Европа, Samsung се наоѓа на првото место во учество на пазарот веќе четири години по ред, за фрижидери и микробранови печки, и е на пат да стане број еден во сегментот на апарати за домаќинство до 2015 година.

Samsung Motion Sync правосмукалка
Врз основа на желбите на потрошувачите, Самсунг (Samsung) ја разви правосмукалката Motion Sync SC20F70, со акцент на дизајнот и леснотијата на користење. Револуционерниот дизајн на правосмукалка со сад за смет - Motion Sync ја прави оваа правосмукалка една од најподвижните на пазарот, намалувајќи го износот на движења што корисникот треба да ги направи, додека иновативната CycloneForce Multi технологија овозможува висока моќ на вшмукување со максимална ефикасност. Во комбинација со контролните копчиња кои се наоѓаат на рачката, сензорите кои откриваат делови на кои им е најпотребно чистење и дизајнот без кеса за собирање смет, Motion Sync правосмукалката ги спојува извонредните перформанси со супериорните способности за маневрирање.

Food Showcase FS9000 фрижидер
Самсунг (Samsung) спроведе истражување за да добие увид во тоа како семејствата ја организираат храната во своите фрижидери и открил дека истите немаат јасна структура во позиционирањето на храната. Food Showcase фрижидерот со вертикална поделба ја дели внатрешноста на ShowCase и InnerCase. Овие делови овозможуваат лесен пристап до храната која често се користи, како и до онаа храна која не се употребува често, што ја олеснува секојдневната употребата за секој член од семејството. Food ShowCase ќе биде достапен во Европа во почетокот на 2014 година.
Иновации во печатење за домашни и бизнис потреби
Самсунг (Samsung) ја развива својата линија на печатачи со акцент на преносливоста, едноставноста во користењето и дизајнот се со цел да стане број еден производител на А4 ласерски и мулти-функционални печатачи (MFP) до 2017 година. Напредокот во преносливоста, безбедноста но и драматичниот пораст на количините на дигиталните содржини ја поместува потребата од модерни уреди кои им овозможуваат на корисниците лично да управуваат со своите домашни или бизнис потреби за печатење.
Самсунг (Samsung) работи и на развојот на апликации во правец на преносните печатачи од 2009 година, вклучувајќи ја и посебната апликација Mobile Print, директната поддршка за безжично поврзување и Native taster за печатење на фотографии, како и ново воведените функции Google Cloud Print и NFC.
Начинот на печатење се менува во денешната ера на мобилна технологија
Во Берлин, Самсунг (Samsung) го претстави првиот NFC мулти-функционален печатач на светот, Xpress C460. Развиен врз основа на желбите и потребите на корисниците за подобра комуникација, соработка и поголеми можности за поврзување, кои сега можат да печатат фотографии и документи директно од своите „паметни“ телефони со едноставен допир на екранот. Исто така е поедноставно скенирањето и праќањето на факсови бидејќи корисниците можат да ги синхронизираат своите контакти од својот „паметен“ телефон со печатачот.
Xpress C460 на пазарот е достапен од август, а новата моно MFP Xpress M2070 серија која е наменета исклучиво за европскиот пазар, ќе биде достапен од септември 2013 година.
Сите детали, видеа и слики на сите производи прикажани на саемот IFA 2013 можете да ги погледнете на: www.samsungifa2013.com

За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung Electronics Co., Ltd, кој се наоѓа на водечката позиција во светот во областа на технологијата, отвора нови можности за луѓето ширум светот. Со неуморната иновација и откритија, ние го трансформираме светот на телевизорите, „паметните“ телефони, компјутерите, фото апаратите и камерите, апаратите за домаќинство, LTE системите, медицинските уреди, полупроводниците и решенијата кои се користат во LED технологијата. Вработуваме 270.000 луѓе во 79 земји, и имаме годишна продажба од 187,8 милијарди американски долари. За да дознаете повеќе, Ве молиме посетете: www.samsung.com.
За B&B Италија S.p.A.
B&B Италија, основана во 1966 година како резултат на претприемачката визија на Пјер Амброџа Буснелиј (Pijera Ambrođa Busnelija), е водечки производител на дизајниран мебел во Италија, со продавници ширум светот. Со седиште во Новедерат (Novederatu), (Komo), во зграда која 1972 година е проектирана од Рено Пјано (Renco Pjano) и Ричард Роџерс (Rirchard Rodgers). Својот успех компанијата го изградила врз способноста за претставување модерна култура преку перцептивен пристап и поставување на нови трендови, како и преку одговарањето на промените во вкусовите и животните стилови.
За Arclinea
Од основањето на компанијата во 1925 година, Arclinea ја има заслужено својата неспорна меѓународна улога како производител на високо квалитетни кујни со безвремен дизајн и привлечност која не може да се имитира. Компанијата Arclinea ги почитува нашата планета Земја и луѓето кои живеат на неа, почитување кое се забележува во употребата на материјалите кои не се штетни за животната средина, како и со „зелената“ стратегија за производство. Просторите во кои живееме стануваат се поексклузивни благодарејќи на иновативните дизајни и дизајнерски решенија на Arclinea, простори кои се проектирани за потребите на луѓето, а кои се хармоничен склоп на креативност и технологија, дружењето и функционалноста. Веќе некое време Arcliena нуди „професионални“ кујни за подготовка на врвни јадења: материјалите, рационалниот распоред на мебелот во кој луѓето се чувствуваат добредојдени, а кои се наменети за кулинарските училиштата ширум светот. Денес, одделот за проектирање на компанијата Arclinea, благодарејќи на своите дизајни за угостителство, бродови и домови, континуирано го проширува своето делување на меѓународниот пазар. Arclinea поседува сертификати ISO9001 - ISO14001 - OHSAS18001. За повеќе информации: www.arclinea.com
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations