Освежете ја оштетената коса
Прегледано: 9137 | Oбјавено на: 03.09.2013
  • Освежете ја оштетената коса

    За оние на кои во текот на летото косата им е оштетена од фарбите и сонцето, им препорачуваме неколку различни третмани кои ќе им помогнат да добијат сјај и здрав изглед. 
Ако имате проблем со косата која е оштетена од сонцето и фарбите за коса, неколку третмани ќе ви помогнат да го вратите стариот сјај.

Изматете во миксер две излупени праски, додадете две лажички лимунов сок и две шољи чај од нане. Со оваа мешавина поминете ја целата коса и оставете ја да стои 30-тина минути. Потоа измијте ја со топла вода.

На вашата коса лесно ќе ја вратите еластичноста и сјајот доколку на неа нанесете половина чаша маслиново масло и ја расчешлате косата со чешел а не со четка. Оставете ја косата со маслото околу еден час а потоа измијте ја со шампон.

Доколку не сакате и немате време да направите природен балзам, ставете од оној што сте го купиле но само на врвовите а не на коренот. Оставете го балзамот неколку часа а потоа измијте ја косата со млака вода.

Помешајте чаша млеко, вода, и суви листови од ружа и додадете микс од две пасирани банани, две лажички мед и бадемово масло. По 30 минути исплакнете ја косата. Оваа маска за коса е многу хранлива и многу брзо го враќа сјајот на вашата коса.  
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations