Швајцарец добил 93 милиони евра на лотарија
Прегледано: 4302 | Oбјавено на: 02.09.2013
Жител на Швајцарија добил главна премија на популарната европска лотарија „Eуромилиони“ од 93 милиони евра, јавуваат светските медиуми.

Тоа е најголемата добивка во Швајцарија по 2011, кога друг жител доби 58 милиони евра.
Агенцијата РИА соопштува дека еден тикет чини две евра, а дека во извлекувањето учествуваат околу 200 милиони луѓе.

Лотаријата „Еуромилиони“ започна со работа во 2004 година во Франција, Шпанија, Британија, а подоцна се имаат приклучено и Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations