Ова се причините поради кои сеуште не можете да ослабете!
Прегледано: 4999 | Oбјавено на: 02.09.2013
Да се биде на диета не е нималку лесно. Сите оние кои барем еднаш пробале да слабеат редуцирајќи го внесувањето на храна знаат за што станува збор. Во тој период секоја храна изгледа и поубаво и повкусно, а вие имате чувство дека никогаш не сте биле погладни. Ситуацијата дополнително ви ја отежнуваат луѓето околу вас кои не се на диета. Што да превземете во овие ситуации?

Колеги од работа
Многу често луѓето кои одлучиле да бидат на диета носат спремен ручек на работа. Најчесто тоа се салати и лесни јадења. Проблемот се јавува кога некој друг носи нешто кое е многу повеќе калорично и многу попривлечно. Што да сторите во таква ситуација? Стручните лица велат да останете цврсти. Јадете го она што сте го донеле не размислувајќи што другите имаат за ручек. Значи, ќе ви биде потребна силна волја и самодисциплина..

Забави
Не е лесно да се одолее на бесплатната храна кога ќе се најдете на некоја забава.Луѓето во таква ситуација јадат се што ќе им дојде при рака иако не се гладни, бидејќи храната изгледа примамливо е пред се е бесплатна. Во таква ситуација морате да процените дали сте навистина гладни. Ако сте гладни, потрудтете се да консумирате овошје, а доколку не е понудено, да јадете но во помала количина.Едноставно јадете паметно.

Семејство, роднини и пријатели
‘Не’ е најтешкото нешто кое треба да го кажете на вашите роднини. Сигурно сте се нашле во ситуација да сте на диета а вашиот роднина да ви понуди колачи кои само што ги направила. Тоа е многу тешка ситуација, бидејќи се борите со две личности – со сами себе и со роднината.Што да направите? Можете да се послужите со мала лага, и да кажете дека пред малку сте изеле две колачиња и дека едноставно неможете повеќе. Направете го тоа на пристоен начин за другата страна не се почуствува навредено.

Заводлив мирис на пекара
Многу е тешко да поминувате покрај некоја пекара кога сте на диета, Тоа е простор од кој доаѓаат многу пријатни мириси кои ќе ви предизвикаат глад. Најубаво е ако можете да ги заобиколите и да не се доведувате во искушение. Не заборавајте дека баш од тие пекари доаѓаат и производите кои се најголемите непријатели на витката линија. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations