Мажите изгледаат најдобро по 32-рата година
Прегледано: 3265 | Oбјавено на: 04.07.2013
  • Мажите изгледаат најдобро по 32-рата година

     Косата и добрата фризура за мажите се подеднакво важни како и за жената, а повеќето од нив до 32 години од животот менуваат пет различни фризури и ја пронаоѓаат онаа која најмногу им стои, по...
 Косата и добрата фризура за мажите се подеднакво важни како и за жената, а повеќето од нив до 32 години од животот менуваат пет различни фризури и ја пронаоѓаат онаа која најмногу им стои, покажала студијата на компанијата „Fudge“ на 2000 луѓе. Според истата анкета, жените менуваат седум фризури пред да ја најдат онаа со која најдобро се чувствуваат и изгледаат, па посакуваат подолго да ја задржат.

За разлика од припадничките на понежниот пол, мажите по пронаѓањето на идеалната фризура, немаат обичај да ја менуваат до крајот на животот, т.е додека имаат доволно коса за таа да биде одржлива. Причините поради која мажите сакаат да одржуваат еден стил, дури 65 проценти од нив рекле бидејќи тоа им е наједноставно, додека 10 проценти признаваат дека тој стил повеќе им се допаѓа на нивните партнерки.

На мажите влијае изгледот на славните и познатите, па петмина од нив сакаат да имаат коса и фризура како Бредли Купер, додека две третини од нив би сакале да им побели косата како Џорџ Клуни, отколку да бидат без коса. Околу 12 проценти од мажите немаат ништо против фарбањето на својата коса и не ја исклучуваат можноста во иднина тоа и да го направат.

„Општа заблуда е дека мажите не ги интересира косата и дека им е гајле каква им е истата“, вели Џон Вели од „Fudge“.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations