Идеално опуштање според ѕвездите
Прегледано: 2497 | Oбјавено на: 08.04.2013
  • Идеално опуштање според ѕвездите

     Најдобра забава за Бикот е таа која вклучува уредување на градината, Лавот сака ден без обврски за да се опушти, додека Девицата сака паметно да си го искористи своето време...
  Овенот најдобро се опушта додека готви

Овенот сака да биде во центарот на вниманието. Најдобро за него е да запише курс по дизајн или кулинарство, на кој ќе научи да подготвува деликатеси и така да ги воодушеви своите пријатели. Така ќе се забавува, а воедно и ќе се опушти. Покрај тоа, Овенот сака да собира квалитетни вина кои ги дегустира со своите пријатели.

 

Бикот се забавува уредувајќи ја градината

Бикот најмногу ужива уредувајќи ја својата градина или градината на најблиските пријатели. Тој обожава да работи во природа опкружен со растенија, па ова е идеална активност за него. Мирна семејна вечера која тој самиот ќе ја приготви за своите најмили исто така може да го опушти, бидејќи тој повеќе од било што ужива во храна и добро вино.

 

Близнаците сакаат авантура во луна парк

Идеална забава за Близнаците е онаа која вклучува брзина, авантура и адреналин. Забавен парк или ден поминат на базен со луди тобогани за него претставуваат вистинска забава. Покрај тоа, посета на театар или кино премиера ќе ги воодушеви и одлично ќе се забавува, поготово ако е со добро друштво.

 

Ракот се забавува трачарејќи со пријателите

Ракот сака да ги надгледува луѓето. Сака да поминува време по кафулиња, трговски центри или на плажа. Секаде каде што може да ги трачари минувачите, посебно кога тоа го прави со добро друштво. На ракот му е најважно да има добар круг на пријатели со кои би можел да дели се, а штом ќе го постигне тоа за него забавата е загарантрана, бидејќи тоа му е доволно.

 

Лавот сака ден без обврски за да се опушти

Се што прави Лавот мора да биде со стил. Тој сака да лежи на сонце и не сака премноу да се оптеретува со работата или со други проблеми. За него секој ден без обврски е најзабавниот ден затоа што ќе го искористи мксиално по своја желба. Лавовите се големи авантуристи кои сакаат предизвици, како на пример планинарење.

 

Девицата сака паметно да си го искористи времето

Девиците не ги привлекува театар или концерт, тие сакаат своето слободно време да го искористат во други цели, како хуманитарна работа. Попрво ќе изработува накит или ќе танцува, т.е. своето хоби знае да го претвори во заработка. Тоа за неа е идеално искористено време и вистинска забава.

 

Вагата е многу често неодлучна

Вагата е неодлучен знак. Во еден момент посакува да биде на голема забава полна со луѓе, а веќе во наредниот момент сака романтична прошетка во природа. Овој знак тешко се одлучува за идеалниот тип на забава, но секогаш знае да ужива во филмска вечер со пријателите.

 

Шкорпиите ги забавува се што е поврзано со мистерија

Шкорпиите се секогаш таинствени и по малку чудни. Нив секогаш ги воодушевуваат работи поврзани со историја и кои се по малку таинствени како што се тие. За Шкорпиите претставува забава изнајмување на SF или хорор филм, во добро друштво. Освен тоа, добра вечера о одлично вино исто така за Шкорпиите претставува одлична забава.

 

Стрелците уживаат во спортски настани или авангардна изложба

Стрелците секогаш имаат необични идеи кои нивните пријатели не ги прифаќаат со воодушевување. Посета на изложба на некој авангарден уметник или концерт на алтернативна музика за нив е врвна забава. Но, Стрелецот е љубител на спортот, па посета на кошаркарски или ракометен натпревар исто така е одличен избор.

 

За Јарецот идеалното уживање е адреналинско искуство со блиските личности

Јарецот сака да се чувствува посебно и затоа не сака да присуства на големи забави, туку се радува на дружењето со пријателите на некое помало место. Јарецот сака да подготви добра вечера за своите пријатели, но и да отиде на авантуристичко возење со кану на диви реки.

 

За Водолијата доброто друштво е забава

Водолијата сака да се дружи. Штом се во друштво, тие се забавуваат. Сакаат да зборуваат за себе и за нивните идни планови. Исто така, Водолиите знаат добро да слушаат, па на своите пријатели со задоволство ќе им поделат корисен совет. Нивната смисла за хумор ги воодушевува сите, па нивното друштво им е доволно за забава.

 

Рибите уживаат на море

Рибите сакаат постојано да се дружат. Тие со задоволство ги споделуваат своите тајни со останатите, па кругот на нивните пријатели е прилично широк. Обожуваат да јадат морски плодови, излети кои вклучуваат крстарење со брод, излежување на плажа и проучување на историјата која многу ги интерсира.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations