Кока кола со новата реклама направи голема расправија
Прегледано: 3724 | Oбјавено на: 16.01.2013
Кока-кола деновиве објави една нова реклама, и како за видео во кое нема оружје, ругање на некоја религија или убивање на мали фоки, направи неочекувано голема расправија.
 
Компанијата признава дека постои проблем со дебелината и дека и Кока-кола е дел од проблемот, но дека работат на случајот и дека до сега се имаат сериозно подобрено.
 
Луѓето од другата страна во борбата против дебелината, рекламата ја начекаа на нож. Извршниот директор на Центарот за наука од јавен интерес, Мајкл Џејкобсон, за Ројтерс изјави дека ако компанијата е сериозна околу помагањето на борбата против дебелината, тие воопшто не треба да рекламираат калорични пијалаци: "Тие се обидуваат да се престават дека се дел од решението, а всушност се дел од проблемот."
 

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations