Новиот „GOLF R“
Прегледано: 3704 | Oбјавено на: 31.01.2013
На официјалниот веб-сајт на „Volkswagen R GmbH“ започна одбројување до премиерата на новиот „VW Golf R“, која треба да се одржи на 11 февруари. Возилото е наречено „frozen beast“ (замрзнатиот ѕвер), а како метафора, истото е сокриено зад „замрзнато стакло“, кое на секој час се одмрзнува и може да се види „ѕверката“.
 

 
Првично Германците ќе покажат само прототип на моделот, додека официјалната премиера, најверојатно, ќе биде за време на салонот во Франкфурт. Очекувањата се „Golf VII R“ да смета на истиот агрегат, со кој е екипирн Audi S3. Тоа е 2.0 литарски, четирицилиндерски мотор со моќност од 290 КЅ и вртежен момент од 380 Nm. Менувачoт најверојатно ќе бидe 6-степен мануелен или автоматски со две спојки.
 
Благодарение на моторот и новиот систем за погон на сите тркала, како и универзалната платформа MQB, возилото ќе биде доста побрзо од својот претходник. Се очекува новиот Golf R да забрзува од 0 до 100 km/h за под 5 секунди, а максималната брзина му е ограничена електронски на 250 km/h.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations