Кака сака да се врати во Милан
Прегледано: 2157 | Oбјавено на: 17.01.2013
  • Кака сака да се врати во Милан

    Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Кака вели дека е отворен за враќање во Милан и би играл за помала плата на Сан Сиро...
Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани изјави дека поради големата плата која ја заработува, невозможно е да си го дозволат Кака, фудбалерот не ја отфрла можноста за враќање на Сан Сиро.
 
Кака во изминатите денови бил во Италија со цел да се види со неговиот сонародник Робињо, посетата ја искористил новинар на Sky Sport Italia, кој му направил мини интервју на Бразилецот. 

Имав два слободни дена па одлучив да дојдам и да го видам Робињо - изјави Кака за „Sky Sport Italia“.
Тој ми е одличен пријател и е голем фудбалер, човек кој може уште многу да му даде на клубот. Дали би можел да се вратам во Милан? Имам договор со Реал Мадрид, но мојата сегашна ситуацијата таму не е добра. Отворен сум за преселба во Милано, но двете страни треба да се договорат. Сеуште сум му многу благодарен на Милан, го сакам овој град и оставив многу пријатели тука. Кака е подготвен да добива помала плата во Милан. Отворен сум за сите солуции, веќе му го кажав тоа на Реал Мадрид.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations