Audi RS7
Прегледано: 2555 | Oбјавено на: 16.01.2013
  • Audi RS7

    Audi RS7 – V8 терор кој лета со 250 km/h, ако си доплатите ќе можете за летате со 305 km/h...
Audi во Детроит ја претстави долго очекуваната RS верзија на купето со четири врати која за прв пат во класата, ќе вози со 305 km/h. Пакетот ќе биде достапен со доплата, додека кај основниот модел брзината и натаму ќе биде ограничена на 250 km/h. Тие сопственици ќе мора да се задоволат со забрзување до стотка од само 3,9 секунди. За ваквите перформанси заслужен е 4,0 литарскиот V8 би-турбо мотор, кој развива неверојатни 560 КС, односно камионски 700 Nm достапни меѓу 1.750 врт/мин и 5.500 врт/мин.
 
Менувачот ќе биде 8-степен типтроник, додека погонот нормално ќе биде „Quattro“ на сите четири тркала, со тоа што максималната сила која може да биде префрлена на предните тркала е 40%. Однадвор моделот ќе може да се препознае по спортските браници и прагови, како и по огромните 20 инчни тркала. И дисковите за кочење ќе бидат големи, односно 390 mm.
 
Потрошувачката на би-турбо чудовиштето изнесува само 9,8 литри на 100 km, а благодарение на можноста за деактивација на цилиндарите и „Start & Stop“ системот.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations