Chevrolet ja претстави новата Corvette
Прегледано: 2568 | Oбјавено на: 14.01.2013
Љубителите на овој автомобил прво ќе го забележат дизајнот на новата „Corvette“, прекината традицијата на кружни стоп светла. С7 има целосно нов, повеќеаголен облик на задните светла, инспириран од моделот Camaro. 
 
Дизајнерите за прв пат по моделот С1 вметнаа мали странични прозорчиња зад В столбовите. На сите останати генерации овој дел од автомобилот е решен така што задното ветробранско стакло беше заоблено и се простираше по должина на страничниот дел од возилото, се до В столбовите.
 
Промени има и во дизајнот на внатрешноста, каде доминира инструмент таблата ориентирана кон возачот. Наместо стандардните аналогни обртомери и бризиномери, возачот низ воланот гледа во голем осуминчен дисплеј на кој по желба се прикажуваат различни конфигурации на инструменти.
 
За конструкцијата на автомобилот се користени лесни материјали, вклучувајќи ги хаубата и демонтажниот кровен панел, кои исто така се направени од јаглеродни влакна. Крилата и вратите се изработени од композит, а рам каросеријата од алуминиум. 
 
Новата „Corvette“ на почеток ќе се нуди со новиот 6,2 литарски V8 мотор со директно вбризгување кој развива 457 КС. Од „Chevrolet“ велат дека ова е најсилниот основен модел на „Corvette“ до сега. И покрај ова, американскиот производител се пофали дека автомобилот ќе биде најекономичната верзија на овој модел и дека ќе има пониска потрошувачка од актуелниот модел кој според фабричките податоци троши просечно 9 литри на 100 километри.
 
Новата „Corvette“ ќе се појави во продажба во третиот квартал од годинава, а тогаш ќе биде позната и нејзината цена.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations