Дејвид Бекам во Катар!?
Прегледано: 2279 | Oбјавено на: 11.01.2013
Дејвид Бекам одбра една од 12-те понуди кои пристигнаа до него, за тоа каде да ја продолжи кариерата, откако помина пет години во Лос Анџелес Галакси. Барем ако се верува на медиумите од Англија. Според нив, Бекам својата кариера ќе ја продолжи во Катар, од каде што пристигнала предобра понуда од неименуван клуб, од 25 милиони евра за 2 години.
 
Интересно, ако тој неименуван клуб е Ал Сад, тогаш Бекам би можело повторно да заигра со легендата на Реал Мадрид, шпанскиот напаѓач Раул, кој од сезонава игра во ова првенство.
 
Секако, клубовите и федерацијата на Катар, многу би сакале овој фудбалер, кој е и маркетингшка ѕвезда, да потпише за некој од клубовите од оваа арапска држава, бидејќи би бил совршен за презентација на државата како еден вид амбасадор, која ќе биде организатор на фудбалското Светско Првенство во 2022 година.
 
 
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations