Peugeot 208 R5
Прегледано: 3404 | Oбјавено на: 25.12.2012
  • Peugeot 208 R5

    Претставено е новото Пежо 208 R5 на саемот за автомобили во Париз...  
Автомобилот е вистинско чудовиште и без сомнеж ќе биде подобар од својот претходник, 207 Super 2000. Новиот 208 R5 се очекува да започне се учество на рели шампионатите од втората половина на 2014. Главните технички спецификации на овој спортист се: 1.6-литарски турбополнет агрегат со 280 кс усогласен со пет-степен секвенцијален менувач и погон на сите четири тркала без централен диференцијал и рели суспензија.
 
Однадвор, измените се состојат од пошироко меѓуоскино растојание, заден кровен спојлер и проширување на крилата за да овозможат место за 18-инчни тркала. Сепак, тежината е задржана на минималната дозволена маса од 1200 кг.
 
 
Ова Пежо 208 R5 има големи подобрувања поради намалувањето на неговата тежина за 40 кг споредено со 207. Нејзиното долго меѓуоскино растојание му овозможува на 208 R5 одлична стабилност. Бидејќи е помал 208 ќе биде поефикасен, а сите овие квалитети заедно ќе му овозможат на R5 одлично држење на патот.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations