Желбата за задоволување на потребите наутро е силна. Сите сетила се начулени, отворени за ново искуство што го носи секој нов ден. Првите капки кои ги допираат усните како велвет се распостилаат по јазикот. Слатко горчливиот вкус го буди телото, уживаш во кофеинот и првата утринска шолја кафе.