И животните можат да го најдат својот идеален партнер на интернет
Прегледано: 2268 | Oбјавено на: 15.08.2012
Веста дека бројот на одредени видови на животни е сведена на минимум е веќе позната, па затоа за да се зголеми размножувањето на овие видови Асоцијацијата за зоолошки центри и аквариуми дошла до идеја.
Идејата била да се отвори веб страна на која ќе бидат објавени сите "слободни" животни и истите доколку ги послужи среќата ќе го најдат својот партнер од истиот вид и ќе имаат можност да се впуштат во романса. 
 
На самата веб страна секое животно си има свој профил, а во него се сите репродуктивни детали околу самиот вид, локацијата, генетиката, однесувањето, видот на храна, начинот на ловење и астролошкиот знак. Голем дел од листата на животни се всушност видови кои се пред истребување.

Според информациите објавени од страна на оваа Асоцијација, нивната идеја по кратко време имала позитивен резултат, и некои од животните веднаш имале среќа да го пронајдат својот партнер. Многу од нив дури и го прошириле своето семејство.
 
Огромно „БРАВО“ за превземаниот потег.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations