Промовиран официјалниот постер за СП 2014
Прегледано: 2165 | Oбјавено на: 31.01.2013
Домаќинот на Светското првенство во 2014 година, Бразил го промовираше официјалниот постер за Мундијалот на церемонија во Рио де Жанеиро, кој покажува дуел на два фудбалери за топката и има светли бои кои ја претставуваат богатата флора и фауна што ја има во тропската земја.
 
„Официјалниот постер е важен чекор за промоција на домаќинот Бразил и во земјата и во странство. Ова Важно е да се пренесе порака од земјата, која е модерна, иновативна, одржлива, среќна, обединета и најважно – страствена кон фудбалот“, рече поранешната ѕвезда Роналдо, најдобриот стрелец на Мундијалите и светски првак од 1994 и 2002 година.
 
Покрај Роналдо на церемонијата беше и поранешниот репрезентативец Бебето, кој како и Роналдо е освојувач на МУндијалот (1994), потоа артистот Ромеро Брито и министерката за култура, Марта Суплиси.
 
Бразил ќе го организира СП во 12 градови, кои веќе ги објавија постерите за секој град-домаќин. Земјата веќе го избра Фуелко за официјалона маскота, а е животното армадиљо, заштитено животно.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations